Спорт | Кошарка |
---|---|
Јурисдикција | Словенија |
Кратенка | КСС/KZS |
Основана | 1950 |
Припадност | ФИБА |
Регионална припадност | ФИБА Европа |
Седиште | Љубљана |
Претседател | Матеј Ерјавец |
Заменет од | Кошаркарски сојуз на Југославија (1948–1992) |
Службено мрежно место | |
kzs.si | |
Кошаркарски сојуз на Словенија (словенечки: Košarkarska zveza Slovenije), познат и како Кошаркарска федерација на Словенија, ― управно тело на кошарката во Словенија. Основана е во 1950 година како членка на поголемата Кошаркарскиот сојуз на Југославија. Во 1992 година, КСС самостојно се приклучила на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА).
Кошаркарскиот сојуз на Словенија управува со машката репрезентација на Словенија и женската репрезентација на Словенија. Тие организираат државни натпревари во Словенија, и за машката и за женската сениорска екипа и за младинските кошаркарски репрезентации.[1]
Највисоката професионална лига организирана од ова управно тело е Првата словенечка кошаркарска лига.[2]