Коџаџик | |
Воздушен поглед на селото Коџаџик | |
Координати 41°26′43″N 20°36′6″E / 41.44528°N 20.60167°E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Центар Жупа |
Област | Жупа |
Население | 146 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1258 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 08022, 08021 |
Надм. вис. | 1.100-1.170 м |
Коџаџик на општинската карта Атарот на Коџаџик во рамките на општината | |
Коџаџик на Ризницата |
Коџаџик — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.
Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓа на областа Дебарска Жупа, сместено на југозападната падина на планината Стогово.[2] Селото е планинско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 1.000 до 1.170 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 19 километри.[2]
Низ селото поминува регионалниот пат 2249.
Подрачјето на Коџаџик е населено уште од железното време, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[3]
Во близина на денешното село се одвивала опсадата на Светиград во 1449 година, кога отоманските сили го поразиле Скендербег.
Атарот на селото зафаќа простор од 12,6 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 741 хектар, на шумите отпаѓаат 213 хектари, а на обработливото земјиште само 28 хектари.[2]
Селото, во основа, има главно сточарска функција. Во селото работат услужни објекти.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 500 домаќинства со 218 жители христијани (Македонци) и 865 жители муслимани (Турци).[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Коџаџик живееле 1.250 жители, сите Турци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Турци.[6]
Иако селото е мало, има позитивен популациски биланс. Така, во 1961 година имало 110 жители, а во 1994 година 207 жители, турско население.[2]
Според пописот од 2002 година, селото Коџаџик броело 275 жители, сите Турци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 146 жители, од кои 141 Турчин и 5 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.250 | — | 835 | 654 | 110 | 79 | 114 | 201 | 207 | 275 | 146 |
Коџаџик е турско село.[13]
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:
Од старото македонско население кое некогаш живеело во селото има иселеници во некои дебарски села.
Од турското население има иселеници во скоро сите муслимански села во Дебарско. Потоа во Струшко (Делогожди, Корошишта), Преспа (Ресен, Дрмени). Потоа турски иселеници има во Гостивар, Охрид, Скопје и Кичево. А највеќе во Турција преку 160 семејства иселени до 1954 година, и тоа во Адапазар (најголемиот број, каде се иселени 80 семејства), Ѓеракој крај Бурса(каде се иселиле околу 50 семејства), Истанбул, Измир, Одрин, Малгара, Бурса, Муратлија крај Одрин и други.[13]
Иселувањата на турското население од Коџаџик во Турција продолжило и после 1954 година.
Кон крајот на XIX век, Коџаџик било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото исто така седиште на некогашната општина Коџаџик, која била составена од селата Брештани, Коџаџик, Кочишта, Новак, Осолница и Праленик.
Во селото постои избирачкото место бр. 0568 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 223 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 235 гласачи.[16]
|