Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Красимир Дончев Каракачанов (бугарски: Красимир Дончев Каракачанов; роден на 29 март 1965 во Русе, Бугарија) е политичар од Бугарија, водач на бугарската националистичка партија ВМРО-БНД. На 4 мај 2017 г. е избран за министер за одбрана на Бугарија.
Во 1989 година Каракачанов бил врбуван од Шестата управа на бугарската тајна служба Државна безбедност. Оперативниот контакт со него бил воспоставен на 5 февруари 1989 година, по што службата го водела како кандидат за агент под псевдонимот „Дончо“. Во тоа време Каракачанов бил трета година на студии и се интересирал за македонското прашање. Заедно со колега од факултетот редовно ги посетувал средбите на Културно-просветниот клуб „Гоце Делчев“, каде што бил заменик претседател на младинската секција. Неговите прилози како кандидат за агент се однесуваат на луѓе од Културно-просветниот клуб „Гоце Делчев“, југословенски граѓани, како и на организацискиот статус и дејноста на клубот. Три месеци по првичниот оперативен контакт, во мај истата година Каракачанов бил врбуван како агент на Државна безбедност под псевдонимот „Иван“. Неговото врбување се случило во хотелот „Родина“ во Софија. Во извештајот за неговото врбување се заклучува дека Каракачанов ги има потребните квалитети и способности да принесува оперативни информации од интерес, а во врска со „промакедонскиот национализам“. Во досието на Каракачанов како агент се зачувани пет ракописни прилози кои се однесуваат на Културно-просветниот клуб „Гоце Делчев“, а информирал и за создавањето на Независно македонско друштво „Илинден“. Неговото досие нема информации кога точно била прекината работата со него.[1]
Според некои, овој бугарски националист е вмешан и во активностите за бугаризирање преку агитација на одреден дел од македонското население во Албанија и негирањето на постоење на Македонци во Албанија претендирајќи да ги претстави како „Бугари“ [1]; [2]. Неговата политика е по секоја цена, употребувајќи најрадикални мерки, да се негира постоењето на Македонците како етничка реалност и нивно прикажување како етнички Бугари. Дејноста и постапките на Каракачанов се толерираат од страна на официјалните власти на Република Бугарија[2].
Оваа статија политичар/ка од Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |