Красниќи

Красниќи (на албански Krasniqi), е едно од гегските племиња кои го населуваат Косово и северна Албанија во подрачјето околу Проклетие и на брегот на реката Валбона сè до нејзиното устие во Дрим. Како предок на племето се споменува извесен Красо, кој имал уште четири браќа, според кои првите роднини требале да бидат Хоти и црногорските племиња Озриниќи, Пипери и Васојевиќи. Познати припадници на ова племе се албанскиот етнолог Марк Красниќи и претседателот на Собранието на Косово, Јакуп Красниќи.

Според преданието, некои албански и црногорски племиња како што се Красниќи и Васојевиќи, имаат заедничко потекло, со тоа што Красниќи, од Православие преминале во Католицизам, додека Васојевиќите го задржале православието.