Крешо Голик Krešo Goliк | |
---|---|
Роден(а) | 20 мај 1922 Фужине, Кралство Југославија |
Починал(а) | 20 септември 1996 | (возр. 74)
Живеалиште | Загреб, Хрватска |
Националност | хрватско |
Занимање | режисер и сценарист |
Крешо Голик (хрватски: Krešo Goliк), (Фужине, 20 мај 1922 – Загреб, 20 септември 1996) — хрватски режисер и сценарист.
Основно училиште завршил во Фужине, а гимназија и графичка школа во Сењ и Загреб. Најпрво бил спортски репортер во Радио Загреб, а подоцна режисер на филмските прегледи во Јадран филм.
Од 1947 година започнал професионално да се занимава со филмската уметност[1].
Прв игран, целовечерен фил му бил „Син 9 “, а потоа следат: „Девојката и јаворот “, „Од 3 до 22 “, мелодрамските комедии „Имам две мајки и двајца татковци“ и „Кој пее, зло не мисли“, кој, според хрватските филмски критичари е еден од најдобрите хрватски филмови на сите времиња[2]. Остварил голем успех со телевизиските серии и филмови, особено со: „Грунтовчани “, како и „Диригенти и музичари“[3],[4].
Бил професор на Академијата за драмски уметности во Загреб.
Режисер:
Сценарист:
Во негова чест од 1997 година, е основана Весниковата годишна награда, за придонес во облата на филмската уметност наречена „награда Крешо Голик“.