Крисенсио Самервил | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 30 октомври 2001 | ||
Роден во | Ротердам, Холандија | ||
Држава | Холандија | ||
Висина | м | 1,74||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Лидс Јунајтед | ||
Број | 10 | ||
Младинска кариера | |||
Фејенорд | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2018-2020 | Фејенорд | 0 | (0) |
2018-2019 | → Дордрехт | 18 | (5) |
2019-2020 | → АДО Ден Хаг | 21 | (2) |
2020- | Лидс Јунајтед | 71 | (21) |
Репрезентација ‡ | |||
2016-2017 | Холандија 16 | 4 | (1) |
2017-2018 | Холандија 17 | 16 | (1) |
2018 | Холандија 18 | 4 | (1) |
2019-2021 | Холандија 19 | 5 | (6) |
2021- | Холандија 21 | 8 | (2) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 17 јануари 2012 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 јануари 2012 |
Крисенсио Јилберт Силверио Сиро Самервил (роден на 30 октомври 2001 година, во Ротердам) — холандски фудбалер, напаѓач на Лидс Јунајтед.
Напаѓачко лево крило, кое може да варира на сите позиции во напаѓачкиот фронт.[1] Поседува одлична брзина, опремен и со добра индивидуална техника, тој е многу опасен кога има отворен простор.[1]
Роден во Ротердам од Афро-суринамски родители, Самервил ги направил првите фудбалски чекори во клубот РВВВ Нордерквартиер пред да се приклучи на академијата на Фејенорд во 2008 година.[2][3] Во март 2018 година, тој го потпишал својот прв професионален договор со Фејенорд; договор кој траел до летото 2021 година.[4]
На 12 декември 2018 година, тој бил позајмен на Дордехт до крајот на сезоната 2018–2019.[5] Тој го направил своето деби во втората холандска лига за Дордрехт на 13 јануари 2019 година, во натпреварот против Ден Бош, влегувајќи како замена во 70-тата минута на местото на Усама Замури.[6] Сезоната ја завршил со 18 настапи и 5 гола, постигнувајќи го првиот погодок во кариерата на 29 јануари.[7]
Во август 2019 година, тој бил позајмен на АДО Ден Хаг,[8] клуб со кој дебитирал во Ередивиси на 31 август 2019 во победата со 1-0 над ВВВ Венло.[9] На 26 октомври 2019 година, тој го постигна својот прв гол за АДО Ден Хаг на 26 октомври 2019 година во победата со 2–0 над Витесе, со што стана најмладиот стрелец за клубот во Ередивиси.[10] За време на својата дебитантска сезона во најсилната холандска лига, Самервил импресионирал забележувајќи два гола и три асистенции во 21 настап за АДО Ден Хаг, што било оценето како сосема солидна статистика за така млад фудбалер.[11]
Самервил се вратил во Фејенорд пред почетокот на сезоната 2020–2021, но ја одбил понудата за продолжување на договорот со клубот.[12]
На 16 септември 2020 година, Самервил потпишал тригодишен договор со англискиот клуб Лидс Јунајтед.[13] Во првата година во Англија, тој играл само за резервниот тим на Лидс во Премиер лигата 2, добивајќи само еден повик во првиот тим за натпреварот на домашен терен против Манчестер Јунајтед во кој останал неискористена замена.
Своето деби за клубот од Западен Јоркшир го направил на 17 септември 2021 година, во натпреварот против Њукасл Јунајтед во Премиер лигата, влегувајќи од клупата на местото на Рафиња.[14] После само 9 одиграни натпревари во сезоната 2021-2022, Самервил конечно добил поголема во улога во тимот наредната година, кога исто така му бил доделен и дресот со бројот 10. На 23 октомври 2022 година, Самервил го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во поразот со 2–3 од Фулам на Еланд Роуд.[15] На 29 октомври, тој го постигнал победничкиот гол во 89-тата минута во успехот со 2-1 над Ливерпул, со што ја донел првата победа на неговиот клуб на Енфилд уште од април 2001 година, истовремено прекинувајќи ја серијата на црвените од 29 натпревари во лигата без пораз на домашен терен.[16] Иако сезоната завршила со испаѓање на Лидс од Премиер лигата, Самервил имал добра сезона на индивидуален план постигнувајќи 4 гола во 28 настапи.
Самервил играл речиси за сите младински репрезентации на Холандија од под 16 до под 21 година.
Со репрезентацијата под 17 години го освоил Европското првенство за играчи во споменатата возраст во 2018 година, постигнувајќи и еден погодок на турнирот.[17]
Во 2023 година, бил избран во составот на холандската репрезентација под 21 година која настапила на Европското првенство во Романија и Грузија. Тој ги одиграл сите три натпревари за својата земја, но холанѓаните со три нерешени исходи не успеале да ја минат групата, завршувајќи ја истата на третото место зад домаќинот Грузија и Португалија.
Статистиката е ажурирана на 12 април 2024.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
јан.-јун. 2019 | Дордехт | ЕР | 18 | 5 | КХ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 18 | 5 |
2019-2020 | АДО Ден Хаг | ЕД | 21 | 2 | КХ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 22 | 2 |
2021-2022 | Лидс Јунајтед | ПЛ | 6 | 0 | ФАКуп+ЛК | 1+2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 9 | 0 |
2022-2023 | ПЛ | 28 | 4 | ФАКуп+ЛК | 2+1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 31 | 4 | |
2022-2023 | ФЛЧ | 35 | 15 | ФАКуп+ЛК | 0+1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 21 | 11 | |
Вкупно Лидс Јунајтед | 69 | 19 | 6 | 0 | - | - | - | - | 75 | 19 | |||||
Вкупно во кариерата | 108 | 26 | 7 | 0 | - | - | - | - | 115 | 26 |