Кристер Алгард (20 февруари 1967) е поранешен професионален тенисер од Шведска.
Алгард победил во дисциплината двојки на Јуниорскиот Orange Bowl во 1982 година, со Бруно Орешар од Југославија. Во Шведска, тој бил национален јуниорски шампион во 1979, 1981 и 1985 година.[1]
На АТП турнирите, Алгард бил најистакнат како играч во двојки и освоил турнир на неговиот прв настап на Гран при, во Бари (Италија) во 1987 година. Тој ја освоил својата втора титула во 1992 година, здружувајќи се со Карл Лимбергер на Гуаруа Опен турнирот. Швеѓанецот исто така бил финалист на два други турнири, но не успеал да победи и да освои повеќе титули.
Во поединечна конкуренција го имал својот најдобар резултат на Отвореното првенство на Атина во 1988 година, каде што стигнал до полуфиналето.
Во текот на кариерата учествувал во главниото извлекување на два Грен слем турнири, во 1993 година во натпреварите на двојки (парови). На Отвореното првенство на Франција истата година, Алгард играл заедно со Сандер Гроен но загубиле во првото коло. Исто така, не успеал да го помине првото коло на Гренд слем турнирот на Вимблдон во 1993 година. Овој пат партнер му бил Морис Руа, и играле против третите носители на турнирот Патрик Мекинро и Џонатан Старк. Натпреварот бил во пет сета, на крајот во петиот сет загубиле со 8-10 во гемови.[2]
Резултат | В/Л | Датум | Турнир | Подлога | Партнер | Противниците | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Победи | 1–0 | 1987 година | Бари, Италија | Земја | Улф Стенлунд | Роберто Азар Марсело Ингарамо |
6–3, 6–3 |
Победи | 2–0 | 1992 година | Гуаруја, Бразил | Тврда | Карл Лимбергер | Диего Перес Франциско Роиг |
6–4, 6–3 |
Пораз | 2–1 | 1992 година | Саун Пауло, Бразил | Тврда | Карл Лимбергер | Диего Перес > Франциско Роиг |
2–6, 6–7 |
Пораз | 2–2 | 1993 година | Сантјаго, Чиле | Земја | Брајан Девенинг | Мајк Бауер > Дејвид Рикл |
6–7, 4–6 |
бр. | година | Турнир | Површина | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|
1. | 1990 година | Пескара, Италија | Земја | Германецот Лопес | 4–6, 6–3, 6–4 |
бр. | година | Турнир | Подлога | Партнер | Противниците | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
1. | 1986 година | Берген, Норвешка | Земја | Гилад Блум | Стефан Медем Харалд Ритерсбахер |
6–4, 4–6, 6–4 |
2. | 1988 година | Маракеш, Мароко | Земја | Кони Фалк | Лосон Данкан Ханс Шваер |
6–3, 6–2 |
3. | 1988 година | Сан Марино, Сан Марино | Земја | Јозеф Чихак | Жоао Куња-Силва Јорген Виндал |
6–4, 6–2 |
4. | 1992 година | Сантјаго, Чиле | Земја | Жако Ван Дујн | Луис Лобо Мартин Стрингари |
4–6, 7–6, 7–5 |
5. | 1992 година | Севиља, Шпанија | Земја | Томас Најдал | Серхио Кортес Цезар Кист |
6–3, 6–2 |
6. | 1992 година | Рибеирао Прето, Бразил | Земја | Морис Руа | Лан Бејл Брендан Кари |
2–6, 7–5, 6–4 |
7. | 1993 година | Ајзенах, Германија | Земја | Димитри Полиаков | Владимир Габричиџе Андреј Меринов |
6–7, 6–4, 6–4 |