![]() | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден(а) |
20 октомври 1989[1][2] Сомбор, Југославија[1] | ||
Националност |
![]() | ||
Спорт |
![]() | ||
Висина | м | 1,73||
Позиција | среден бек | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб |
![]() | ||
Број | 71 | ||
Сениорски клубови | |||
2003-2005 2005-2010 2010-2012 2012-2015 2015-2016 2016 2016-2017 2017 2017-2019 2019- |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() | ||
Репрезентација | |||
2011– |
![]() | 95 (220) | |
Кристина Лишчевиќ (родена на 20 октомври 1989 г., во Сомбор) е српска ракометарка која игра на позицијата среден бек за СЧМ Р’мнику В’лча и за српската репрезентација.[3]
Својата кариера Лишчевиќ ја започнала во својот роден град Сомбор, каде играла за екипата на ЖРК Сомбор пред да прејде во Црвена Ѕвезда во 2009 година.[1]
Своето прво искуство во странство го имала во 2010 година, кога потпишала за Металург од Скопје.[4] За Металург играла до јануари 2012 и ја освоила титулата во македонското првенство и Купот на Македонија, постигнувајќи притоа 200 гола, со кој била втор стрелец во лигата. Со одличните игри за клубот од Автокоманда, заработила трансфер во францускиот Мец.
За екипата на Мец, Лишчевиќ одиграла три и пол сезони во кој освоила две титули во француското првенство, два Купа на Франција и еден Лига куп. Со францускиот клуб исто така дебитирала во Лигата на шампионите во сезоната 2011-2012, играјќи 6 натпревари од главната фаза на кој постигнала 31 гол. Во 2012 година била избрана од страна на ЕХФ за најдобра млада ракометарка во Лигата на шампионите.[1][5] Во 2013 година била избрана за најдобар среден бек во француското првенство.
Во 2015 година, Лишчевиќ се преселила во унгарскиот Вац.[6] Во летото 2016 година, Лишчевиќ била пред потпис со друга унгарска екипа Шиофок, но сепак таа подоцна се приклучила на руските екипи прво Астраханочка,[7][8][9] а потоа Кубан Краснодар.[10] Во јануари 2017 година, таа се вратила во унгарското првенство и потпишала за екипата на Кишварда.[11]
Во сезоната 2017-2018, Лишчевиќ потпишала договор со данскиот прволигаш Тим Есбјерг.[12] Со Есбјерг го освоила данското првенство во сезоната 2018-2019 и Купот на Данска во 2017.
Во летото 2019, Лишчевиќ потпишала за романскиот шампион СЧМ Р’мнику В’лча. По пет години пауза таа повторно заиграла во натпреварите од Лигата на шампионите.
Лишчевиќ е дел од српската репрезентација. Меѓу најзначајните репрезентативни успеси и се четвртото место на Европското првенство во 2012 година и го освоила сребрениот медал на Светското првенство во 2013 година на домашен терен.
Клупски[уреди | уреди извор][уреди | уреди извор] |
Поединечни[уреди | уреди извор]
|