Кристофер Тобијас Андерсон (22 октомври 1978) е поранешен шведски професионален фудбалер кој играл како дефанзивец, но и како играч од средниот ред. Андерсон бил најмногу запаметен по неговото време поминато во клубот на Хелсингборг ИФ за кој одиграл повеќе од 500 официјални натпревари. Тој во својата кариера настапувал и за екипите на Лилестром СК, Хановер 96 и Халмштад БК за време на неговата кариера. Како репрезентативец помеѓу 2000 и 2006 година, тој одиграл вкупно 24 натпревари за репрезентацијата на Шведска.
Андерсон ја започнал својата кариера во фудбалскиот клуб на Нибро пред да потпише за Хелсинборг ИФ во 1996 година.[1] За време на неговата прва сезона во клубот, тој му помогнал за да го освои Свенска Купот во сезоната 1997–98.[2] Следната година, тој бил дел од тимот на Хелсингборг со кој ја освоил шампионската титула во првата шведска фудбалска лига наречена Алсвенскан во 1999 година.[3] Во 2000 година, тој одиграл главна улога во квалификациите на Хелсингборг за Лигата на шампионите на УЕФА за сезоната 2000-01, постигнувајќи гол во вкупната победа во второто коло против БАТЕ Борисов, а потоа ги одиграл сите 180 минути во двата натпревари за Хелсингборг, кога бил елиминиран клубот од Серија А, Интер од Милано во третото коло.[4] Во групната фаза, Андерсон играл на пет натпревари за својот тим, но Хелсингборг завршил сепак на последното место во групата Ф, за екипите на Баерн Минхен, Париз Сен Жермен и Розенборг.[5] Во 2001 година, Андерсон бил избран за играч на годината во клубот Хелсингборг.[6]
Во јануари 2004 година, Андерсон го напуштил Хелсингборг и направил трансфер потпишувајќи тригодишен договор со норвешкиот тим Лилестром СК.[7]
По две години и половина поминати во Норвешка, Андерсон потпишал со германскиот бундеслигаш Хановер 96.[8] Сепак, Андерсон се мачел да обезбеди стандардно место во клубот во Германија, па затоа одиграл само 7 лигашки натпревари за клубот.[9]
Во летото 2007 година, Андерсон се вратил во Хелсингборг ИФ по три години минати во странство.[2] Андерсон имал непосредно влијание врз тимот и бил многу заслужен што Хелсингборг стигнал меѓу 32 екипи од Купот на УЕФА откако завршил на второто место во групата Х веднаш зад Бордо, но пред Галатасарај, Паниониос и Австрија Виена. Во квалификациите за УЕФА лигата Хелсинборг го елиминирал тимот на Херенфен.[10] Андерсон го постигнал победничкиот гол во победата од 2-3 на гости против Галатасарај.[11] Во 2008 година, Андерсон повторно бил именуван за најдобар играч на тимот Хелсинборг.
Андерсон освоил повеќе награди со Хелсингборг за време на неговиот втор ангажман во клубот, освојувајќи ги титулите во купот во Шведска во 2010 и 2011 година, како и титулата шампион на Шведска во 2011 година, и титулите во шведскиот супер куп во 2011 и 2012 година.[12]
Пред да започне сезоната во првата шведска лигаАлсвенскан 2015, Андерсон сепак потпишал за тимот на Халмштад БК.[13]
За сезоната 2016, Андерсон повторно се вратил во тимот на Хелсингборг ИФ.[14] Тој се пензионирал на крајот на сезоната откако одиграл вкупно 350 натпревари во Алсвенскан (прва шведска фудбалска лига), што е и клупски рекорд, како и повеќе од 500 официјални натпревари за клубот.
Андерсон ги претставувал тимовите на Шведска во младинска конкуренција и тоа У19 или тим до 19 годинии у21 или тим до 21 година на старост пред да го одигра својот прв меѓународен натпревар за Шведска и тоа на 31 јануари 2000 година во пријателски натпревар, но и победа против тимот на Данска со резултат од 1:0, влегувајќи како замена за Роланд Нилсон во 74 минута.[15][16]
Тој играл во квалификациските натпревари за Светското првенство на ФИФА во 2002, УЕФА ЕВРО во 2004 и Светското првенство на ФИФА во 2006 година, но не се нашол на конечниот список во првиот тим на Шведска на ниту еден од натпреварите.
Андерсон го одиграл својот 24-ти и последен репрезентативен натпревар за својата држава на пријателски натпревар против Ирска во 2006 година.
Во 2016 година, Андерсон бил тренер на У17 (младинскиот) тим на Хелсингборг ИФ.[17] Во ноември 2016 година, Андерсон бил назначен за помошник тренер на првиот тим на клубот под тренерка палка на Пер-Ола Љунг. По две години и половина како помошник тренер во клубот на 18 јуни 2019 година објавил дека тој дефинитивно го напушта клубот веднаш по назначувањето на новиот тренер Хенрик Ларсон.[18]
Настапи и голови по репрезентација и година
Репрезентација на Шведска | ||
---|---|---|
Година | Натпревари | Голови |
2000 година | 1 | 0 |
2001 година | 10 | 0 |
2002 година | 1 | 0 |
2003 година | 5 | 0 |
2004 година | 1 | 0 |
2005 година | 3 | 0 |
2006 година | 3 | 0 |
Вкупно | 24 | 0 |
Хелсингборг ИФ
Индивидуален