Крчин | |
---|---|
![]() Поглед на билото на Крчин | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2343 м |
Матичен врв | Голем Крчин |
Географија | |
Место | ![]() ![]() |
Покраина | MK |
Матичен венец | Кораб-Дешат-Крчин |
Крчин — планина во Западна Македонија и Албанија, којашто се протега во продолжение на планината Дешат и е дел од поголемиот венец Шара-Кораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман, односно таа го претставува најјужниот дел од веригата на планинскиот масив Кораб-Дешат-Крчин.
Се протега од Сува Бара (2.080 м) на север, до дното на Дебарската Котлина на југ во должина од 13 км. Има изразено било, од кое се издаваат повеќе врвови преку 2.000 м. Највисок е Голем Крчин (2.341 м), по што следат Рудина 2.238 м, Дели Сеница 2.174 м и Црвена Плоча (2.107 м).[1]
Планината се состои од флишни седименти. Кај бањата Косоврасти, варовниците преоѓаат во гипс, анхидрит и сулфурни наслаги. Во околината на бањата Бањиште, тлото се состои од сивобели варовници со дебелина од 300–400 м.
Крчин има најголеми резерви на гипс на Балканот, поради што има и фабрика за негова преработка.
На Крчин расте ендемскиот македонски каранфил (Dianthus macedonicus), што може да се најде само на оваа планина.[2]