Ксерофагија

Ксерофагија („јадење на сува“, од грчки ξηρός „суво“ и φαγεῖν „јади“) ― облик на пост забележан во источното христијанство за време на Великиот пост и некои други пости. „Сува“ првенствено се однесува на храна зготвена без масло.[1] Во грчката традиција, „масло“ главно се однесува на маслиново масло, но во словенската традиција, ова се протега и на путерот и на другите видови растително масло. Исхраната за време на ксерофагијата се состои од леб, овошје, јаткасти плодови (понекогаш и мед), како и зеленчук варен со вода и сол.

Надвор од редовниот календар на христијанските пости, ксерофагијата може да се користи и како покајание за одредени престапи. На пример, во 35-те канони на Свети Јован Постачот, покајанието за секој монах фатен во хомосексуални дејствија вклучува ксерофагична диета во траење од три години заедно со други покајанија.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „A.Word.A.Day -- xerophagy“.
  2. „A Christian Understanding of Homosexuality“ (PDF). orthodoxinfo.com. 2017.