Кукар (хрватски: Kukar) — некогашно мало село во Хрватска кое се наоѓа отприлика 3 км од градот Врлика под планината Динара. Селото е дел од општината Врлика, во Сплитско-далматинската жупанија.
Историјата на селото е поврзана со историјата на градот и општина Врлика. Селото е наречено по хрватското племе Кукари (еднина Кукар), кое имаше привилегија да го одбере хрватскиот крал (заедно со 11 други привилегирани хрватски племиња).[1][2][3]
Селото е населено со православни Срби и католички Хрвати. Од 1995, неколку селани претежно стари пензионери, Срби и Хрвати, се вратија во Кукар.