де Корт на Три дена Западна Фландрија 2008 | |
Лични податоци | |
---|---|
Цело име | Кун де Корт |
Роден | 8 септември 1982 Гауда, Холандија |
Висина | 1,80 м |
Маса | 70 кг |
Податоци за клубот | |
Мом. клуб | Лидл-Трек |
Дисциплина | друмски велосипедизам |
Улога | возач |
Вид на возач | универзален возач |
Професионални клубови | |
2002–2004 2005–2006 2007–2008 2009–2016 2017- | Рабобанк ГС3 ONCE Астана Скил-Шимано Трек-Сегафредо |
Последна промена 22 март 2018 |
Кун де Корт (холандски: Koen de Kort; р. 8 септември 1982) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лидл-Трек.
Од 2002 до 2004 бил во развојната екипа на Рабобанк. Де Корт имал ветувачка аматерска кариера со победи на изданието до 23 години на трката Париз-Рубе. Во 2005 станал професионалец со екипата Либерти Сергурос-Вирт. Таа година освоил етапа на Тур де л’Авенир 2005.[1] Во 2007 му се приклучил на Астана. По позитивните тестови на допинг-тестовите на колегите Александар Винокуров и Андреј Кашечкин, Астана немала прилика да се натпреварува во 2007 и била ограничена во 2008. Зборувајќи за холандските медиуми, Де Корт го изразил своето незадоволство бидејќи немал шанса да настапува откако бил во слична ситуација во 2006 со екипата Либерти Сергурос. Ја напуштил Астана на крајот на сезоната 2008 и ѝ се приклучил на екипата Скил-Шимано.
Де Корт имал три успешни години во Скил-Шимано, кога бил петти на Три дена Западна Фландрија, 12. на Енеко Тур и 4. на Стер Електротур во 2008 година. Останал со екипата во 2012 година, кога била преименувана како Аргос-Шимано и завршил како трет на Три дена Западна Фландрија, како и на 16. место на Светското друмско првенство во 2012 година.
Од 2013 до 2016 година бил член на Џајант, настапувајќи со екипата на седум големи трки и на 12 класични трки.
Во 2017 година се приклучил на екипата Трек-Сегафредо. Во јуни 2017 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[2]
Оженет е со Австралијката, Кејтлин де Корт и времето го поминува помеѓу Европа и Австралија.
„Кун де Корт“ на Ризницата ? |
|