Курија | |
Поглед на селото | |
Координати 41°31′35″N 22°00′50″E / 41.52639° СГШ; 22.01389° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Неготино |
Област | Тиквеш |
Население | 152 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1440 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 18021 |
Надм. вис. | 158 м |
Слава | Спасовден |
Курија на општинската карта Атарот на Курија во рамките на општината | |
Курија на Ризницата |
Курија — село во Општина Неготино, во областа Тиквеш, во околината на градот Неготино.
Селото се наоѓа на крајниот западен дел на територијата на Општина Неготино, на потегот помеѓу реките Црна Река и Луда Мара, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Росоман.[2] Селото е рамнинско, на надморска височина од 158 метри, а од градот Неготино е оддалечено 7 километри.[2]
До селото може да се преку асфалтен пат од градот Неготино или преку Градско на надвозникот кај Кукуричани преку Гоцевата Шума.
Денешното село е составена од два дела, кои ги двои реката Луда Мара, а кои во минатото претставувале две одвоени села наречени Рисјанска и Ислам Курија.
Селото се наоѓа на ниска тераса на левиот брег на Луда Мара. Под селото се наоѓа чешма.[3]
Селото има збиен тип, а во минатото имало квадратен облик поради тоа што било чифлиг.[3]
Селото се наоѓа на ниска тераса на десниот брег на Луда Мара. Во селото има една чешма.[4]
Селото има збиен тип.[4]
Чифлигот бил основан од страна на кавадаречкиот Кантур-бег на почетокот на XIX век. Подоцна, кога Кантуровци осиромашиле и ја изгубиле власта, го продале чифлигот на богатиот христијанин Димко-паша од Велес.[3]
Стара Курија до почетокот на XIX век била христијанско село, но подоцна од страна на Кантур-бег било уништено и населено со муслимани, како и малкумина чифчии.[4]
До 1913 година, селото било муслиманско и поради тоа го добило името Ислам или Турска Курија. Понекогаш било нарекувано и само Корија, што на турски означува „шума“. По 1913 година, муслиманите заминале во Турција, а на нивно место се доселиле христијани.[4]
Во периодот 1919-1921 година, во селото биле донесени и 28 семејства на колонисти.[4]
Атарот има средна големина и зафаќа простор од 16,2 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 962 хектари, на пасиштата отпаѓаат 550 хектари, а на шумите само 21 хектар.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во селото има услужни објекти, а во минатото била активна земјоделска задруга.[2]
Селаните во Рисјанска Курија се занимавале со земјоделство, најпрвин како чифчии, а по Првата светска војна добиле по неколку хектари своја земја. Земјиштето е доста плодно, најмногу долж текот на Црна Река, чија долина тука е широка четири километри.[3] Селаните во Ислам Курија биле исто така земјоделци, кои по војната добиле своја земја. Долж долината на реката земјата е доста плодна, а во минатото многу се одгледувал афион. Покрај реката, исто така, има и ливади, кои се косат и по двапати.[4]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Курија имало 213 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Курија имало 136 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7]
Курија во 1961 година било средно по големина село, со 400 жители, од кои 366 биле Македонци, 13 Срби, 2 Албанци и 19 жители останати, додека во 1994 година селото преминало во мало со 234 жители, од кои 232 биле Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Курија имало 214 жители, од кои 210 Македонци, 3 Власи и 1 Србин.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 152 жители, од кои 142 Македонци, 1 Албанец и 9 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 213 | 136 | 482 | 519 | 400 | 338 | 292 | 219 | 234 | 214 | 152 |
Рисјанска Курија било христијанско македонско село.[3]
Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:
Ислам Курија било христијанско македонско село.[4]
Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:
Иселени се Ташовци, кои се иселиле во Штип и во Прилеп.[3]
Се знае за отселени 22 куќи на муслимани во Мала Азија во периодот 1913/14.[4]
Во XIX век, Курија било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Селото се наоѓа во Општина Неготино, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на општината Неготино и во периодот 1957-1962 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Неготинска градска општина, во која покрај селото Курија, се наоѓале и градот Неготино и селата Дуброво и Тимјаник. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓале во некогашната општина Сопот, во која влегувале селата Курија, Марена и Сопот.
Во селото постои избирачкото место бр. 1235 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 141 гласач.[15]
Во селото работи фудбалскиот клуб ФК „Младост“.[17]
|