Кучето што ги сакаше возовите

„Кучето што ги сакаше возовите“ (српски: Пас који је волео возове) – југословенски филм од 1977 година, во режија на Горан Паскаљевиќ. Главните улоги ги толкуваат: Ирфан Менсур, Светлана Бојковиќ и Велимир Бата Живојиновиќ.

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Мика (ја игра Бојковиќ) е девојка која сонува да замине во Париз, но нејзините планови пропаѓаат кога е затворена поради ситен шверц. Кога ги носат затворениците на присилна работа, таа успева да побегне, со што повторно крои планови за преселба во Париз. Бидејќи нема ни пари ни документи, таа му се придружува на филмскиот каскадер (го игра Живоиновиќ), кој патува по провинциските места, изведувајќи каубојски сцени. Ним им се придружува едно момче (го игра Менсур) кое го бара своето изгубено куче. Мика и момчето се зближуваат и заедно бегаат во Белград. Таму, Мика го посетува својот пријател, кој треба да И обезбеди лажен пасош за да замине во Париз, но наместо тоа, Мика останува без пари, а притоа уште е силувана. Тогаш, таа и момчето се качуваат на еден воз, но кога пристигаат на железничката станица, Мика се обидува да му побегне. Барајќи ја неа, момчето го удира еден вагон и тоа умира, а Мика се качува во друг воз, каде го здогледува неговото изгубено куче.[1]