Лактапата

Поглед кон Мачу Пикчу од Лактапата одредена од Бингам.
Поглед кон Паталакта.

Лактапатаархеолошко наоѓалиште во Перу. Зборот е добиен од два кечуански збора, кои спред Хирам Бингам, откривачот на Мачу Пикчу, значи: llacta (град) и pata (висина).[1] Сепак, со ова име се означуваат повеќе од едно археолошко наоѓалиште во Перу, остатоци од Тавантинсују.

Бингам за првпат го открил Лактапата во 1912 година.[1] Според него, наоѓалиштето лежи на врв на срт помеѓу двете долини Аовамба и Салкантај, околу 5.000 стапки над Хуакина. Тој таму открил остатоци или рушевини, но и три модерни колиби.[1] Тој не го истражил детално местото, но истото било направено 70 години подоцна.

За време на своите истражувања, Бингам открил уште едно наоѓалиште на устието на реката Пампакахуана. Неговиот попратник Херман Тукер изјавил дека името на тој град бил Паталакта и имал околу 100 куќи. Над тоа место имало неколку значајни наоѓалишта, меѓу кои и Хуајлабамба.[2]

  1. 1,0 1,1 1,2 Lost City of the Incas. by Hiram Bingham. 1952. The Orion Publishing Group Ltd, Orion House. page 164. ISBN 0-297-60759-6
  2. Lost City of the Incas. by Hiram Bingham. 1952. The Orion Publishing Group Ltd, Orion House. page 124. ISBN 0-297-60759-6

Поврзано

[уреди | уреди извор]