![]() | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден(а) |
7 август 1993[1] Арта, Грција | ||
Националност |
![]() | ||
Спорт |
![]() | ||
Висина | 1.70 м (5 ст 7 ин) | ||
Позиција | среден бек, десен бек | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб |
![]() | ||
Број | 22 | ||
Сениорски клубови | |||
2008-2010 2010-2017 2017-2019 2019- |
![]() ![]() ![]() ![]() | ||
Репрезентација | |||
![]() | |||
Ламприни Цакалу (родена на 7 август 1993) е грчка ракометарка, среден или десен бек на Подравка Копривница и на грчката репрезентација.
Цакалу е родена во Арта, град во којшто се наоѓа еден од најуспешните женски ракометни клубови во земјата, Анагениси Артас. Таа започнала да игра ракомет како дете во своето училиште, кога тогашниот тренер на Анагениси Артас, Фотуидиу ја приметила и ја повикала да му се приклучи на клубот.[2] Во 2010 година, Ламприни ја напуштила својата родна Арта и се преселила во ОФ Неа Јонија. Со овој клуб таа освоила 4 титули во грчкото првенство и две во Купот на Грција.
Во 2017 година, Цакалу потпишала словенечкиот Крим. Со Крим дебитирала во најсилното европско ракометно женско натпреварување, Лигата на шампионите, во натпреварот против ЧСМ Букурешт од групната фаза. Во првата сезона во Крим ги освоила словенечко првенство и Купот на Словенија, а истите натпреварувања ги освоила и следната сезона откако клубот од Љубљана успеал да ги одбрани титулите.
Во летото 2019 година, Цакалу потпишала за хрватскиот клуб Подравка Копривница.