Лангенхорн | |
Кварт во Хамбург | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Реон | Хамбург-Норд |
Основни податоци | |
Површина | 14 км2 |
Население | {{{Einwohner or population}}} |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Повик. бр. | 040 |
Местоположба на Лангенхорн во Хамбург | |
Координати | 53°39′0″N 10°0′0″E / 53.65000°N 10.00000°E |
Лангенхорн е кварт во округот Хамбург-Норд на Хамбург, Германија.
На 25 јануари 1332, Лангенхорн бил продаден на Хамбург од грофот на Холштајн.[1] Оттогаш, Лангенхорн бил дел од Хамбург.
Подкамп на концентрациониот камп Нојенгаме постоел во Лангенхорн од 12 септември 1944 до 4 април 1945.[2]
Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Лангенхорн имал вкупна површина од 13,8 км2. На север и запад е покраината Шлезвиг-Холштајн. На исток е квартот Хумелсбител, во округот Вандсбек и на југ е квартот Фулсбител.
Во 2006, населението на квартот Лангенхорн било 40.425. Густината на населеност била 2,939 inhabitants per square kilometre (7,612/sq mi). 18,1% биле деца под 18 години, а 20,1% имале 65 или повеќе години. 11,8% биле имигранти. 1.975 биле регистрирани како невработени.[3] Во 1999, имало 20.546 домаќинства и 43,8% од сите домаќинства биле сочинети само од еден член.[4]
Постојат 6 основни и 5 средни училишта во квартот Лангенхорн.[5]
Основан во 1832, почесниот конзулат на Кралството Белгија се наоѓа во улицата Langenhorner Markt 9.[6]
Alskelpios Klinik Nord има вкупно 1.331 кревет и 143 места во дневните центри во 13 департмани. Поделена е на деловите Ochsenzoll и Heidberg, порано двете независни јавни болници. Двете се општи болници и универзитетски болници на универзитетот во Хамбург и имаат капацитет за примање на итни случаи. Делот Оксенцол, Лангенхорнер Хаусе 560, е специјализирано во психијатриски проблеми и геријатриски болести. Делот Хајдберг, Тангштетер Ландштрасе 400, делумно се наоѓа во поранешните СС бараки, има оддели за офталмологија, уши, нос и грло и гинекологија.[7]
Има 22 дневни центри за деца, 57 лекари во приватни ординации и 11 аптеки.[5]
Лангенхорн е поврзан со железничкиот систем на подземната железница со неколку станици. Според секторо на моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), биле регистрирани 16.274 приватни возила (403 возила/1000 луѓе) во квартот Лангенхорн .[5]
Хелмут Шмит, поранешен канцелар на Германија, живее во Лангенхорн.
„Лангенхорн (Хамбург)“ на Ризницата ? |
|
|