Ланд Вурстен (општинска заедница)

Поглед кон административен објект во Дорум

Ланд Вурстен или Вурстенски крај (германски: Land Wursten) — поранешна општинска заедница во округот Куксхафен, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Нејзино седиште било селото Дорум. Била распуштена на 1 јануари 2015 година, кога била споена со општина Нордхолц за да ја создадат новата општина Вурстер Нордзекисте.

Општинската заедница Ланд Вурстен се состоела од следниве општини:

  1. Капел
  2. Дорум
  3. Мидлум
  4. Миселварден
  5. Мулзум
  6. Падингбител
  7. Времен

53°42′N 08°33′E / 53.700° СГШ; 8.550° ИГД / 53.700; 8.550