Ларс Ерик Лундвал

Ларс Ерик Лундвал

Ларс Ерик Лундвал (шведски: Lars-Eric Lundvall; Карлскога, 3 април 1934 година) — поранешен шведски хокеј играч на мраз и тренер за хокеј, кој играл како напаѓач на левото крило за време на неговата кариера.

Тој најголемиот дел од играчката кариера го поминал играјќи за екипите на Седертелје и Фрелунде, каде минал вкупно 13 сезони играјќи во шведската лига. Со двата тима тој освоил по една национална титула (во сезоните 1955/56 и 1964/65), а во текот на сите осум сезони поминати во Френунд бил и капитен на тимот. На крајот од својата играчка кариера, тој ја продолжил тренерската кариера и го водел тимот на Френунд за десет сезони. Поради големиот кредит за клубот, неговиот дрес со број 13 бил повлечен од употреба во Френунда. Во два наврати бил избран во идеалниот состав на шведското првенство, во сезоните во 1958/59 година и 1959/60 година, и бил прогласен за најдобар шведски играч во 1964 година.

Тој бил стандарден репрезентативец за Шведска, помеѓу 1956 година и 1965 година и одиграл 195 официјални натпревари со 79 постигнати голови. Во тој период, тој освоил 5 медали со репрезентацијата на светските првенства, вклучувајќи две титули на светски шампиони ( СП 1957 и СП 1962 ). Тој бил дел од шведскиот олимписки тим на три последователни Зимски олимписки игри, а остварил најголем успех на Зимските олимписки игри во 1964 година во Инсбрук каде шведскиот тим освоил сребрен медал.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • Репрезентацијата на Шведска во хокеј на мраз
  • Хокеј на мраз на Зимските олимписки игри во 1964 година.
  • ХК Фрелунда

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]