Курт Ленарт Ингемар Бакман (роден на 7 февруари 1934 година) поранешен шведски фудбалер кој играл на позицијата крилен напаѓач. Тој имал повеќе од 200 настапи во Алсвенскан за тимот на ИФК Норшепинг и тимот на АИК од Стокхолм помеѓу 1957 и 1968 година. Како репрезентативец настапувал за репрезентацијата на Шведска помеѓу 1958 и 1966 година на вкупно 31 натпревар кога постигнал три гола.
Бил роден во градот Скелефтео,а својата кариера Бакман ја започнал во тимот на Скелефтео ИФ.[1] Во 1957 година потпишал за тимот од првата шведска лига ИФК Норшепинг каде играл вкупно две сезони.[2] Во 1959 година Бакман потпишал со АИК во кој поминал десет сезони, настапувајќи на вкупно 194 лигашки натпревари. Девет од овие сезони поминал во Алсвенскан првата лига, додека во сезоната 1962 заедно со тимот на АИК биле во дивизијата 2 Свеланд. Во втората лига, Бакман постигнал вкупно 19 гола на 24 натпревари, помагајќи му на АИК да ја освои лигата 2 во Свеланд конкуренцијата и веднаш да се врати назад во Алсвенскан или првата лига на Шведска.Тоа се случило во плејофот за промоција во Алсвенскан во 1962 година. Тој се повлекол од професионалниот фудбал во 1968 година.[3]
Бакман го одиграл својот прв натпревар за репрезентацијата на Шведска на 7 мај 1958 година во пријателски натпревар против тимот на Швајцарија непосредно пред Светското првенство на ФИФА 1958 година одиграно токму во Шведска.[4] На тој натпревар играл 65 минути по што Бакман бил заменет со Силви Бенгтсон поради повредата на коленото. Повредата го оддалечила Бакман надвор од тимот на Шведска и за време на Светското првенство во 1958 година, но таа го оддалечила и од целокупната фудбалска игра во следните неколку месеци.[2]
Бакман го постигнал својот прв репрезентативен гол за Шведска во пријателската победа од 6:0 против екипата на Данска на 21 јуни 1959 година. Тој го одиграл својот прв официјален натпревар за шведската репрезентација на 19 октомври 1960 година во квалификацискиот натпревар за Светското првенство на ФИФА 1962 година против тимот Белгија во кој Шведска победила со резултат 2:0. Бакман ја претставувал Шведска во квалификациските натпревари за УЕФА ЕВРО 1964 и 1966 година, но никогаш не се појавил во тимот на голем меѓународен турнир. Својот последен меѓународен настап го имал на 4 јуни 1966 година во пријателскиот натпревар против тимот на Финска.
Бакман вкупно одиграл 31 натпревар за Шведска и постигнал три гола. Тој исто така играл двапати за репрезентацијата на Шведска во Б.тимот.
Повеќенаменскиот играч и спортист, Бакман го претставувал АИК и во бенди, но и во хокеј на мраз за време на неговата фудбалска кариера. Тој се појавил вкупно 16 пати за шведската државна репрезентација во бенди и и помогнал на неговата земја да заврши на второто место на Светското првенство во Бенди во 1961 година и третото на Светското првенство во Бенди во 1963 година.[5]
Репрезентација | Година | Натпревари | Голови |
---|---|---|---|
Шведска | 1958 година | 2 | 0 |
1959 година | 4 | 2 | |
1960 година | 5 | 0 | |
1961 година | 8 | 1 | |
1962 година | 3 | 0 | |
1963 година | 6 | 0 | |
1964 година | 1 | 0 | |
1965 година | 1 | 0 | |
1966 година | 1 | 0 | |
Вкупно | 31 | 3 |
Бр. | Дата | Место на одржување | Противник | Резултат | Резултат | Тип на натпревар | Наводи |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | 21 јуни 1959 година | Паркен, Копенхаген, Данска | Данска | 4–0 | 6–0 | Пријателски | [6] |
2 | 28 јуни 1959 година | Непстадион, Будимпешта, Унгарија | Унгарија | 2–3 | 2–3 | Пријателски | [7] |
3 | 9 август 1961 година | Идротспаркен, Норшепинг, Шведска | Финска | 4–0 | 4–0 | Пријателски | [8] |
АИК
Индивидуална статистика