Леон Ернест Моро (француски: Léon Moreaux,(Ферон 10 март 1852 - Рен 11 ноември 1921) бил француски стрелец, од крајот на 19 и почетокот на 20 век, бил троен освојувач на олимписките медали и двоен светски првак.[1]
На Летните олимписки игри во 1900 година во Париз Леон Моро учествувал во натпреварот во стрелање со пиштол и со пушка во 8 дисциплини. Најдобар бил во брзото пукање со пиштолот на 25 метри каде освоил сребрен медал. Уште два медали освоил во тимските дициплини: сребрен медал со пиштолот на 50 и бронзена со пушка во дисциплината „тростав“. Во останатите дисциплини не освоил медали: пиштол со слободен избор 7 место со 435 кругови, и други.
На олимписките игри во Атина учествувал во 10 дициплини и освоил 5 медали од кои два биле златини, 1 сребрен и 2 бронзени. (Ова натпреварување „МОК“ не го признава, па ни освоените медали не ги смета во олимписки медали). Златните медали ги освоил во стрелање со пушка од стоечки и клечечки став на 200 метри и со пиштол на 20 метри со системот на испаѓање. Сребрениот бил во гаѓање со автоматски пиштол на 25 метри, а бронзните медали ги освоил со пушка на 300 метри став по желба и со пушка од слободен избор во тимови. Во 5-те останати дициплини кои биле во пукање со пиштол не освоил никакви медали.
Во својата 46 година Леон Моро учествувал во Летните олимписки ихри во 1908 во Лондон. Се натпреварувал во три дициплини. Најблиску до добивање медал биле во тимската конкуренција со пиштоли на 50 метри. Биле четврти, во категоријата пиштол поединечно со 50 јарди и пушка на 1000 јарди, бил 17 и 39.