Леонтија

Леонтија
Византиска царица
Леонтија (десно) на паричка искована под нејзиниот сопруг Фока (лево)
Роден(а)6 век
Починал(а)7 век
СопружникФока
ДецаДоментција
Полно име
Леонтија

Леонтија (латински: Leontia) била византиска царица, сопруга на царот Фока во периодот од 602 до 610 година.

Леонтија била омажена за Фока пред тој да ја узурпира власта во империјата во 602 година. По стапувањето на Фока на престолот, Леонтија ја добила титулата августа на 27 ноември 602 година настанот бил прославен со поворка на царската двојка низ Константинпол. Настанот бил одбележан со улични конфликти меѓу приврзаниците на Зелените и Сините партии. Сините го оспориле легитимитетот на новиот цар и неговата сопруга, потсетувајќи дека царот Маврикиј е сѐ уште жив. Реакцијата на новиот цар била преку погубувањето на Маврикиј и неговите синови, одржана пред крајот на денот.

Леонтија и Фока имале една ќерка по име Доментција, мажена за командант на империјалната гарда Приск.

Во октомври 610 година Фока бил соборен и погубен од Ираклиј I. Погубени биле и браќата на поранешниот цар. Нема прецизни информации дали Леонтија исто така била погубена.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Претходник
Константина
Византиска царица
602–610
Наследник
Евдокија