Лештен Лещен | |
---|---|
![]() Кметството на селото | |
Местоположба во областа | |
Координати: 41°38′N 23°49′E / 41.633°N 23.817°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Грмен |
Површина | |
• Вкупна | 16.569 км2 (6,397 ми2) |
Надм. вис. | 1.093 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 10 |
• Густина | 0,00.060/км2 (0,0.016/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2962 |
Повик. бр. | 07527 |
Лештен — село во Грменско, Пиринска Македонија, денес во општината Грмен на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Селото Лештен се наоѓа на 14 километри североисточно од Неврокоп и на 7 километри североисточно од општинскиот центар Грмен. Селото е планинско кое се наоѓа на надморска висина од 1093 метри на екстремните јужни падини на Западни Родопи. Атарот на селото зафаќа површина од 16.569 км2. Поради својата местоположба, селото има возбудлив поглед кон Неврокопската долина и Пирин, прекрасна архитектура чии куќи се типични за регионот.
Во текот на XIX век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Неврокопската каза. Црквата „Света Петка“ бил изградена во 1833 година.[1] Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лештен (Leschtène) е село со 59 семејства и 200 Македонци.[2][3] Во 1889 година Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) за селото запишал дека во него има 56 бугарски куќи.[2][4]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Лештен, 1⁄2 час до левиот брег на Канина. Патот од Неврокоп до Фотовишта е рамен а одовде започнува да е стрмен и тесен. Нормалниот пат трае 4 часа. На прво место е сточарството. Бугарска црква. Куќи 56, бугарски. Најновото бугарско село...[2][5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 480 жители, сите Македонци.[2][6]
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Во тоа време селото било општински центар со развиена трговија. Општината постоела до 1934 година, по што нејзините архиви биле преместени во општината во селото Ковачевица. Регистрите за граѓански статус се наоѓаат во општинскиот центар на селото Грмен, а ЕСГРАОН се наоѓа во селото Горно Драаново заедно со стар регистар за месното население.
Обновени се многу од старите куќи во селото, додека нивниот автентичен архитектонски стил е зачуван и куќите се претворени во вили за одмор за туристите. Поради автентичниот изглед на селото, таму честопати се правени играни филмови и музички видеа.
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 554 | 571 | 503 | 294 | 87 | 64 | 35 | 8 | 2 | 10 |
![]() |
|url=
(help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title=
(help)
|