италијански: Suonatore di liuto | |
Творец | Караваџо (?) |
---|---|
Година | c. 1596 |
Димензии | 100 см × 126.5 см |
Место | Колекција Вајлденштајн |
Лејтист е познато дело – слика, масло на платно од Микеланџело Мериси да Караваџо, насликана во 1596 година, порано постоела во две верзии, една во колекцијата Вајлденштајн и друга во музејот Ермитаж, во Санкт Петербург. Постојат дилеми за тоа кој е насликан на сликата. Според некои, моделот бил еден од пријателите на уметникот. Други експерти сметаат дека младиот човек на сликата е самиот Караваџо, кој се сликал пред огледало во моментот кога се преселил во Рим а немал порачки, па затоа и пари за да плати за модело.[1].
Денес ова дело се вбројува меѓу попознатите на Караваџо. Воедно според композицијата и севкупната ликовна атмосфера, ова дело е едно од неговите најинтимни творби. Тоа е класично составена слика, без секундарни симболички елементи. Современиците веќе го обвиниле Караваџо дека немаал идеја. Сепак, целта на авторот не била да прераскажува, неговиот Лутист е чисто уметничко дело.[2]. Денес сликата постои во вкупно три верзии. Лејтист од „Санкт Петербург“, следната година Караваџо започнал да работи на уште две други верзии,кои се разликувале се во некои детали од оригиналното дело. Другата е во музејот Метрополитен во Њујорк и во Колекцијата Вајлденштајн.
Караваџо, најчесто, најзначајните свои дела ги реализирал во своето ателје. Неговата приврзаност кон ентериерот, му овозможувала, студиозно, сконцентрирано, во сликарската тишина, да ги опфати сефкупните негови ликовни размислувања и постапки. Тој е исклучителен мајстор на светло-темното, сликар на посебното осветлување кое на некој начин содржи и своевидна театрална наративност и амбиент со што драматиката и драматичноста на своите дела ја донел до една специфична сликарска снага и значење. На сликата е прикажан мотивот младич со лејта во рацете, пред него е виолина, на маса, а од десната страна е букет со цвеќиња Колку и да изгледа декоративно, во сликата самите мотиви носат одредена симболика а амбиентот не е само одредена чисто сликарска претстава туку и психологија, расположба и состојба која варира емотивно и мисловно во трите насликани верзии кои се варијација на тема.[3].
Сликата ги содржи основните стилски одлики на овој голем автор. Чувство за реалистички детали. Перспектива. Прецизност. Неверојатна игра и доловување на светлината. Чувство за атмосферата. Ова е една од ретките слики на Караваџо, која е интимна, сликарска, без големите теолошки и митолошки теми. Неговиот стил е своевиден ран барок во кој се насетуваат дури и некои елементи на подоцнежниот класицизам и специфичен историски реализам. [4].
Караваџо спаѓа меѓу авторите кои го довеле до совршенство масленото сликарство. Во ликовната постапка, покрај инсистирањето на реалниот приказ, точен и прецизен до еден совршен реалистички метод, Караваџо инсистирал и на специфична употреба на светло темното, односно специфичната претстава на светлината, што зборува дека користел метод на лазурно поставување на колоритот во неколку транспарентни слоеви, со што постигнувал длабочина, специфична колористичка гама и педантност во изработката најверојатно првично подлогата ја припремал со густи наслаги на битумен, а врз него употребувал окер, оловно бела и нијанси на згасито жолта со што правел истакнати граници помеѓу темното – мракот и светлината која најчесто извирала од еден извор и била фокусирана во осветлувањето на ликовите и портретите. Во ова дело, тој го променува колоритот – посветол, побогат со поширока палета а ја променува густината на црната гама како основен простор во кој ги сместува мотивите.[5].
Во рамките на историјата на уметноста Караваџо ги продолжува чистите сликарски традиции, особено во барокот индиректно тој ќе повлијае врз сликарската постапка на Рембрант ван Рајн, неговата улога и влијание особено ќе биде присутна кај сликарите кои ќе се изразуваат во класичниот и романтичниот стил (Жак-Луј Давид, Жан Огист Доминик Енгр, Ежен Делакроа), но, во ова дело се чувствува и далечно наговестување на импресионистичката директност а директно влијание врз исликарството на Бартоломео Муриљо [6].