Ливади Λιβάδι | |
---|---|
![]() Поглед на селото | |
Местоположба во областа | |
Координати: 40°8′N 22°9′E / 40.133°N 22.150°E | |
Земја | Грција |
Област | Тесалија |
Округ | Лариски |
Општина | Еласона |
Општ. единица | Ливади |
Надм. вис. | 1.160 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 2.244 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Ливади или Влахоливада (грчки: Λιβάδι; влашки: Livadi) — село во Лариско, Тесалија, во општината Еласона од Ларискиот округ, Грција. Населението брои 2.244 жители (2011), сочинето од Власи.[2]
Селото се наоѓа високо во пазувите на планината Шапка, дел од поголемиот венец Камбуница, на надморска височина од 1.160 м. Сместено е во непосредна близина на границата со Егејска Македонија, јужно од селото Фтери и југозападно од Свети Димитрија, обете во Катеринско.
Атарот зафаќа простор од 140,9 км2.[3]
Во отомански пописен дефтер од 1521 година, селото се споменува како Ливади.[4] Денешното село било основано во XVII век од влашки сточари.[2]
Во XIX век Ливада бил влашки град во Еласонската каза на Серфиџенскиот Санџак. Жителите на селото земале активно учество во поддршката на грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904 - 1908).[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ливадија се води како чисто влашко гратче во Еласонската каза на Серфиџенскиот санџак со 543 куќи.[6]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 2.723 жители.[7] Нивниот број во 1920 г. се намалил на 2.383.[8]
Населението традиционално се занмиава со сточарството.[2]
Општината Ливади била приклучена во 2011 година и станала дел од поголемата општина Еласона.
Селото припаѓа на општинската единица Ливади со седиште во селото, која припаѓа на поголемата општина Еласона, во округот Лариса. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ливади, во кој е единствено село.
Цркви
Манастири
Родени во Ливади
Livadi k., Alasonya n., Alasonya kz., Tırhala l.: TD 101/20Занемарен непознатиот параметар
|quote-page=
(help)
|date=
(help)
|