Логоварди | |
![]() Воздушен поглед на селото Логоварди | |
Координати 41°1′46″N 21°24′41″E / 41.02944°N 21.41139°E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Пелагонија |
Население | 577 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7000 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 02071 |
Надм. вис. | 576 м |
Слава | Ѓурѓовден |
![]() |
Логоварди — село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Името го добило по стационираниот турски воен логор, каде постепено за потребите на логорот се подигнувале куќи, чие население ги опслужувало војниците.[2]
Селото се наоѓа во Пелагонија, на источната страна на Битолското Поле, а од десната страна на Црна Река. Лежи недалеку од градот Битола и припаѓа на неговата рурбална зона.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 576 метри.[3]
Во непосредна близина на селото поминува регионалниот пат 1311.
Логовардо е големо село источно од Битола, сместено на границата на привремено поплавуваните и непоплавуваните површини. Околу 1000 метри источно од селото се наоѓа пространа бара постојано под вода. Мештаните отсекогаш имале проблем со водата за пиење и порано сите се служеле од еден стар бунар длабок 6 метри.[4]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Ориѓанка, Дабички Пат или Гробишта, ркманица, Маскарник или Под-новиње, Леништа, Лазејца, Драгорки, Баѓери, Пепелиште, Ицојца, Скендерица, Бенгиица, Чергоица, Слатиње, Пијен Бунар, Брегои и Лаг.[4]
Селото се состои од два дела, постариот кој лежи повнатре од патот Битола-Мариово и поновиот, кој се наоѓа непосредно покрај патот. Тие делови се наречени Долно и Горно Маало.[4]
Месноста Ориѓанка се наоѓа западно од селото, каде што е и местото Дабички Пат или Гробишта. Мештаните во нивите ископувале бакарни римски пари, гробови со исправени камења и големи ќупови. Сепак, народната традиција наведува дека селото не е многу старо. Некогаш на местото на селото живееле „вретенари“, кои биле скитници и од друга вера, а некои мислат дека биле Роми кои работеле на изработка на барут.[4]
По Првата светска војна во селото биле населени шест српски семејства, кои бугарската власт во 1941 година ги отселила.[4]
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]
Атарот на селото зафаќа простор од 16,8 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.527 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото работат услужни објекти, а во минатото земјоделска задруга.[3]
Во 1912 година, во селото имало 50 куќи и 20 чифлици во посед на Јусуф, Абдула, Џело, Усеин, Шаќир, Али-бег и други Турци од Битола. Со аграрната реформа, како и со купување на земјата, селаните добиле земја која ја обработуваат.[4]
Во 1935 година, во близина на селото бил отворен истоимениот аеродром, кој најпрвин служел како патнички аеродром, а денес се користи за спортски цели.
Во 1949 година, во Логоварди била основана селекциска сточарска станица на површина од 300 хектари на местото на ливади и ниви на селаните.[4]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Логоварди живееле 420 жители, сите Македонци.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Логоварди (или Чекркчи) се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 66 куќи.[7]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Логоварди имало 480 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[9]
Логоварди е големо село, но со намалување на бројот на населението. Така, селото во 1961 година имало 1.079 жители, а во 1994 година 744 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 селото броело 699 жители. Во него живееле 696 Македонци, 1 Србин и 2 останати.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 577 жители, од кои 541 Македонец, 1 Албанец, 8 Турци, 2 Срби и 25 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 420 | 480 | 740 | 902 | 1.079 | 1.156 | 1.272 | 1.051 | 744 | 699 | 577 |
Логоварди е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.[4]
Според истражувањата од 1956 година, родови во селото:
Се знае за следниве иселеници: Нешовци (9 к.) и Најдовци (2 к.), живеат во Поешево, Ќумковци (4 к.) и Демировци (1 к.), живеат во Долно Оризари, Талевци (8 к.), живеат во Стрежево и Мечковци (3 к.), живеат во Лознани.[4]
Се проценува дека од селото се имаат иселено над 800 лица, најголем дел од нив во градовите Битола и Скопје, прекуокеанските земји и во Европа.[2]
На крајот од XIX век, Логоварди било чисто македонско село во Битолската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Битола.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било седиште на рамките на тогашната општина Новаци.
Во периодот 1950-1955, селото било седиште на тогашната општина Логоварди, во која покрај селото Логоварди се наоѓале селата Долно Оризари, Карамани, Оптичари, Поешево и Трн.
Во селото постои избирачкото место бр. 0137 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на домот на културата.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 558 гласачи.[18] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 560 гласачи.[19]