Локална управа на Ман

Административни единици и шидинзи на Ман

Локалната управа (мански: gurneilys ynnydagh, англиски: local government) на островот Ман се заснова на древните парохии (parishes). Постојат три вида на локални административни единици: месни заедници (borough corporations), градски комисии (town commissions) и парохиски комисии (parish commissions).

Ман се дели на шест административни подрачја наречени „шидинзи“ (sheadings). Шесте шидинзи се Ајр, Гленфаба, Гарф, Мајкл, Рашен и Мидл. Шидинзите се основа за некои парохии и секоја има свој иследник (coroner). На островот Ман, иследниците ги имаат должностите кои во Обединетото Кралство им припаѓаат на шерифот или судскиот извршител. Меѓутоа оваа функција не е иста што и функцијата на судскиот иследник, улога која обично ја исполнува вишиот судски извршител. Едно лице може истовремено да биде иследник во повеќе од еден шидинг.

Парохиите (parishes) влечат црковни корени, и се мисли дека се воведени на островот во [XI век] од Шкотска, по посновањето на епископијата во X век. Парохиските граници првично ги отсликувале физичките особини на подрајчето.

Парохиите на секој шидинг на Ман се:

Локалната управа денес

[уреди | уреди извор]
Бр. на картата Единица Тип Шидинг Изборна единица
1 Ендреас парохија Ајдр Ајр
2 Арбори парохија Рашен Рашен
3 Балаф парохија Мајкл Мајкл
4 Бредан парохија Мидл Мидл
5 Брајд парохија Ајр Ајр
6 Каслтаун град Рашен Каслтаун
7 Даглас град Мидл Даглас Ист, Даглас Вест, Даглас Норт и Даглас Саут
8 Џерман парохија Гленфаба Гленфаба
9 Џарби парохија Мајкл Мајкл
10 Лекси село Гарф Гарф
11 Лезајр парохија Ајр Ајр
12 Лонан парохија Гарф Гарф
13 Мелју парохија Рашен Мелју и Сентон
14 Мароун парохија Мидл Мидл
15 Могхолд парохија Гарф Гарф
16 Мајкл округ Мајкл Мајкл
17 Онкан округ Мидл Онкан
18 Патрик парохија Гленфаба Гленфаба
19 Пил град Гленфаба Пил
20 Порт Ерин село Рашен Рашен
21 Порт Сент Мери село Рашен Рашен
22 Ремзи град Гарф Ремзи
23 Рашен парохија Рашен Рашен
24 Сентон парохија Мидл Мелју и Сентон