Лопањо (италијански: Lopagno) - село и седиште на поранешната истоимена општина во кантонот Тичино, Швајцарија.
Во 2001 година општината била споена со другите, соседни општини Каџало, Ровередо, Сала Капријаска, Тесерете и Ваљо, со цел да се создаде нова и поголема општина Капријаска.[1]
Лопањо за првпат се споменува во 1335 година како Лопањио.[2]
Лопањо, заедно со Каџало и Кампестро, создале градска заедница (вичинанца) уште од средниот век. Во 16 и 17 век имало неколку големи преселби од селото. Економијата на селото се засновала на земјоделство, трговија и градежни активности. Жителите на Лопањо биле меѓу водачите на народното востание против властите на Хелветската Република на 26 јануари 1802 година. Од 1952 година, во Лопањо е активен институтот „Дон Орионе“ за грижа на ментално попречените лица.[2]
Капелата „Св. Аполонија“ датира од 16 век и е дел од парохијата Тесерете.
Во 2000 година околу три четвртини од работното население работело надвор од селото.
Селото се наоѓа во долината Капријаска на влезот во Вал Кола и вклучува малите селски населби Треџа, Сомацо и Оџо.
Историјата на населението е дадена во следниот графикон:[2]