Кредок на Гран при д’Изберг 2014 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Грегори Кредок | ||
Прекар | Лосон | ||
Роден | 20 февруари 1992[1] Хјустон, Тексас, САД | ||
Висина | 1,78 м | ||
Маса | 68 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Тим Џејко-АИУла | ||
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Професионални клубови | |||
2011–2013 2014–2015 2016–2021 2022- | Хагенс Берман Аксеон Џајант-Шимано Канондејл-Драпак Тим БајкЕксчејнџ-Џејко | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 3 ноември 2022 |
Грегори „Лосон“ Кредок (англиски: Gregory "Lawson" Craddock; р. 20 февруари 1992) — американски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Џејко-АИУла.[2] Станал познат откако го завршил Тур де Франс 2018, иако бил сериозно повреден на воведната етапа. Исто така, познат е по собирање средства за санирање на оштетен велодром од ураган.[3][4]
Откако ги поминал сезоните 2014 и 2015 со Џајант-Шимано, се префрлил во соперничката екипа Канондејл за сезоните 2016 и 2017.[5][6]
Кредок настапил на Тур де Франс 2018. Паднал на првата етапа, при што се здобил со фрактура на плешката, но продолжил да вози.[7] Тој бил последен што ја поминал целта и имало многу фотографии од него со крв преку целиот лев образ. По падот објавил на друштвените мрежи дека ќе донира 100 долари по секоја завршена етапа за обнова на велодромот Алкек, каде Кредок започнал да вози велосипед, кој бил оштетен од ураганот Харви. Била поставена и страница на GoFundMe за луѓето да прават директни донации. Кредок ја завршил трката како последен возач, станувајќи прв возач во историјата на Тур, кој го одржал последното место по секоја етапа[3] и заработувајќи над 250.000 долари за обновата.[4][3] Тој е единствен Американец кој ја добил наградата последна ружа.
На 11 јуни 2020 година, американската велосипедска федерација објавила дека Кредок ќе биде дел од нивната екипа за Летните олимписки игри 2020 (одржани во периодот 23 јули-8 август 2021).[8] Во октомври 2020 година бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2020.[9] Тој бил исто така одбран да биде дел од екипата за Вуелта а Еспања 2021 каде на етапата 19 возел на чело на трката и ги контролирал последните километри од бегството од напади со цел неговиот колега Магнус Корт да ја освои етапата. Откако Корт нападнал, Кредок заостанал и го гледал неговиот колега како ја освојува етапата, а пет секунди подоцна ја поминал целта со кренати раце прославувајќи ја победата.
Голема трка | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — | — | — | СО | — | 107 |
Тур | — | — | 124 | — | 145 | — | — | — | — |
Вуелта | СО | 42 | — | — | — | 58 | — | 69 | 55 |
СО = се откажал; — = не учествувал
„Лосон Кредок“ на Ризницата ? |
|