Лохуекотитан | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Лохуекотитан |
Вид: | Лохуекотитан |
Научен назив | |
Лохуекотитан pandafilandi Дијаз, 2016 |
Лохуекотитан — род на титаносауруски сауроподски диносаурус, кој живеел во периодот на доцна креда на територијата на денешна Шпанија. Единствениот вид познат во родот е Lohuecotitan pandafilandi, опишан и именуван во 2016 година.[1]
Фосилните остатоци од Лохуекотитанот биле откриени на наоѓалиштето Ло Хуеко, кој е дел од формацијата Вилалба де ла Сиера. Формацијата датира од пеиодот кампан - мастрихт и би претставувал каллив крајбрежен регион во тоа време.[2] На ова место се откриени повеќе парцијални скелети на сауропод, неколку заби, кои претставуваат најмалку два различни типа на титаносаурус.[3] Холотипниот примерок на Лохуекотитанот, HUE-EC-01, е дестикулиран делумен скелет кој се состои од цервикални, грбни, сакрални и опашкасти пршлени, ребра, лакотна коска, двете седални коски, препонска коска, бутна коска, мала писка и голема писка, заедно со некои неопределени остатоци.
Името Лохуекотитан комбинира упатување на наоѓалиштето со додавање на титан (што се однесува на грчките титани ). Специфичното име, pandafilandi, потекнува од името на гигантот, Пандафиландо де ла фоска виста, во романот Дон Кихот .[1]
Лохуекотитанот бил во 2016 година признаен како литостротичен титаносаурус, повеќе изведен од Малависаурус.
Литостротија |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||