Лојд Б. Мајнор | |
---|---|
Карл и Елизабет Науман Дин од Станфорд Универзитетска школа за Медицина | |
На должноста | |
Стапил декември 2012 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | Литл Рок, Арканзас |
Сопружник | Лиза Ен Кими |
Установа | Универзитет Браун |
Портал | Office of the Dean, Stanford University School of Medicine |
Лојд Брукс Мајнор (англиски: Lloyd Brooks Minor, р. 25. мај 1957 година во Литл Рок, Арканзас, САД) е американски хирург, истражувач, просветител и академски административец.[1] Од декември 2012 година, тој е декан „Карл и Елизабет Науман“ на Школата за медицина при Стенфордовиот универзитет.[2] Претходно беше проректор за академски прашања на универзитетот „Џонс Хопкинс“.[3] Мајнор, кој е експерт за внатрешното уво, е познат за класифирањето на дехисценцијата на горниот полукружен канал на увото, што претставува пореметување при кое дупка во черепот го воспалува каналот за рамнотежа во внатрешното уво.[4] Во 2010 година, Мајнор го доби златниот медал од здружението „Проспер Мениер“ за подобрување на терапијата за Мениеровата болест со користење на гентамицин.[3] Тој е член на Американскиот колеџ на хирурзи и Американската академија за отоларингологија - хирургија на глава и врат.[3] Мајнор исто така е член на Националната академија за медицина на САД.[5]
|accessdate=
(help)