Ма Кај 马凯 | |
---|---|
Ма Кај во 2013 г. | |
Вицепремиер на НР Кина | |
На должноста | |
Стапил 16 март 2013 Служи со Џанг Гаоли, Љу Јендунг, Ванг Јанг | |
Премиер | Ли Кеќанг |
Претходник | Ванг Ќишан |
Државен советник на НР Кина | |
На должноста март 2008 – март 2013 | |
Премиер | Вен Ѓабао |
Лични податоци | |
Роден(а) | јуни 1946 Ѓиншан, Шангај |
Националност | Кинез |
Партија | Комунистичка партија |
Установа | Народен универзитет на Кина |
Ма Кај (кинески: 马凯, пинјин: Mǎ Kǎi); р. јуни 1946) — еден од четворицата вицепремиери на Кина, четврти по ранг.[1] Служел и како советник и генерален секретар на Државниот совет на Кина.
Роден е во округот Ѓиншан, Шангај во јуни 1946 г, а магистрирал на Народниот универзитет во 1982 г.
Членувал во XVI, XVII и XVIII Централен комитет на Комунистичката партија на Кина. Во 2012 г. е избран за член на Политбиро на Комунистичката партија на Кина|Политбирото на КПК.
Во 2003 г. бил назначен за раководител на Националната комисија за развој и реформи, со управно-планска надлежност над кинеската економија.[2] Денес е задолжен и за државната политика во однос на глобалното затоплување.
|