Мак и Кети Кисун | |
---|---|
Животописни податоци | |
Потекло | Тринидад |
Починал(а) | Вокал |
Жанрови | Поп, рокенрол |
Занимања | Музичар, композитор, продуцент |
Соработници | Џејмс Ласт, Ван Морисон, Ерик Клептон, Елки Брукс, Роџер Ватерс, Елтон Џон, Ерос Рамацоти, Џорџ Харисон, Pet Shop Boys, Роби Вилијамс |
Мак и Кети Сисун (или на анг. Mac and Katie Kissoon) е машко-женско вокалистичко дуо кое е составено од брат и сестра, односто Мак Кисун и Кети Кисун. Родени се во Тринидад, а израснале во Англија. Најдобро се познати по нивните хит синглови од 1970-тите кои ги снимија како дуо.
По нивната краткотрајна музичка кариера, снимена во средината на 1970-тите, Кети и Мак Кисун почнаа да работат како следечки вокали и сесиски музичари. Во доцните 1970-ти, Кети беше член на пејачите на Џејмс Ласт, а нејзиниот брат до ден денес е во оваа група. Кариерата на Кети Кисун продолжи како следечки вокал на познати личности како Ван Морисон (1978 и подоцна), Елки Брукс (1982), Ерик Клептон (1986 и подоцна), Роџер Вотерс (од 1984),Елтон Џон (1985), Ерос Рамацоти (1990), Џорџ Харисон (1991), Пет Шоп Бојс (1994) и Роби Вилијамс (2002 и подоцна)[1]
Во 1997 година, Мак и Кети Кисун издадоа албум од нов материјал кој го нарекоа „From Now On“ (мак. „Од сега, па натаму“).[2] Во 2002, Кети Кисун се појави на сцена на Концертот за Џорџ (или на англ. Concert for George). Во 2006-2007 таа беше дел од следечката секција на Роџер Вотерс на турнејата „Темната страна на месечинскиот живот“ (анг. „The Dark Side of the Moon Live“). Турнејата продолжи на девет датуми во 2008 година, но Кети не беше во можност да настапи и беше заменета од страна на Силвиа Мејсон-Џејмс.[3]
Кети Кисун неодамна настапи како следечки вокал на три песни на Ван Морисон чии снимки се во албумот „Keep It Simple“ од 2008, а исто така и пееше со неговиот бенд неколкупати во 2008 година.
|