Максим Димитриевски | |
---|---|
Градоначалник на Општина Куманово | |
На должноста 15 октомври 2017 – во служба | |
Претходник | Зоран Дамјановски |
Пратеник во македонското Собрание | |
На должноста 2016 – 2017 | |
Претседател | Ѓорге Иванов |
Премиер | Зоран Заев |
Лични податоци | |
Роден(а) | 29 ноември 1975 Куманово, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Партија | ЗНАМ |
Деца | 3 |
Установа | „Св. Кирил и Методиј“ |
Професија | правник |
Вероисповед | православен христијанин |
Максим Димитриевски (роден на 29 ноември 1975 во Куманово) — македонски политичар и градоначалник на Општина Куманово од 2017 година.
Основно и средно образование завршил во родниот град, а дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Во 2011 година изработува публикуван труд: „Вкупни даночни приходи и расходи во ЕЛС со осврт на Општина Куманово“.
Магистрант на тема „Ниско ниво на децентрализација – причина за несоодветен развој на единиците на локална самоуправа во Република Македонија“.
Димитриевски е семеен човек, сопруг и татко на три деца.
Политичката кариера ја започнал како млад активист на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија. Во 2008 година, станал дел од Советот на Општина Куманово, а подоцна и претседател на истиот Совет од 2012 до 2016 година. Политичката кариера ја продолжил како пратеник во Собранието на Македонија и претседател на комисија за одбрана и безбедност. На локалните избори во октомври 2017 година станал градоначалник на Општина Куманово а во 2021 година бил повторно избран за градоначалник на Општина Куманово на локалните избори на 31 октомври, како независен кандидат.
„Максим Димитриевски“ на Ризницата ? |