Малин Крепин (родена на 22 август 1978 година, во Стокхолм), е шведска глумица. Таа глуми во неколку филмови. Нејзината најпозната улога е Аника Бенгзтон во шведската серија „Случај“.[1]
Малин Крепин е родена во Стокхолм во 1978 година. Од 1998 до 2002 година, таа студирала во театарската академија во Малме. Оттогаш, таа била активна во Градскиот театар во Стокхолм и во Шведскиот национален театар, во Стокхолм.
Крепин исто така, глумела во филмови и телевизиски серии.[2] Таа во 2012 година глумела во главната улога на новинарката Аника Бенгцон од книгите на шведскиот романописец Лиза Марклунд.[3]