Малкудамчест синец | |
---|---|
Мажјак, горен дел. | |
Женка, долен дел | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Polyommatus |
Вид: | Малкудамчест синец |
Научен назив | |
Polyommatus damon Denis & Schiffermüller, 1775 | |
Синоними | |
|
Малкудамчестиот синец (Polyommatus damon) е пеперуга од семејството на пепепруги синци, од видов синци. Пеперугата ја има и во Македонија.
Подвидови на пеперугата се:[1]
Пеперугата може да се најде во Јужна и Средна Европа, па сè до Монголија и Алтај.[1] Планинските видови населуваат суви грмушести предели, или отворени ливади до 2100 метри надморска висина.[2][3][4]
Распонот на крилјата е од 20 до 34 мм.[2] Овие пеперуги имаат полов диморфизам.
Мажјакот е голем, има синкасто-зелена нијанса со црна бордура. Долениот дел е светлокафен, без окели. Има бело обележје. Женките се темнокафени, каде на горната страна има траги од црвенкасти дамки.[2][3][5] Пеперугата ја има во Централна и Јужна Европа, Средна Азија па до Тијан-Шан. Возрасните едики летаат во јули и август.[6]
Возрасните единки летаат од јуни до август. Ларвите се хранат со растенијата Onobrychis и Medicago falcata.[1]
„Малкудамчест синец“ на Ризницата ? |
|