Малотино | |
Панорамски поглед на раштрканото село Малотино | |
Координати 42°17′3″N 21°55′40″E / 42.28417° СГШ; 21.92778° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Старо Нагоричане |
Област | Козјачија |
Население | 10 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1302 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17061 |
Надм. вис. | 600-840 м |
Слава | Ѓурѓовден |
Малотино на општинската карта Атарот на Малотино во рамките на општината | |
Малотино на Ризницата |
Малотино — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Населбата се наоѓа во областа Козјачија, во крајниот североисточен дел на територијата на Општина Старо Нагоричане, чиј атар се допира со државната граница со Србија. Селото е раштркано и има планински карактер, чии маала се издигаат на надморска височина од 600 до 840 метри.[2] Од градот Куманово селото е оддалечено 36 километри.[2]
Куќите на ова село се наоѓаат десно од Бистрица, притока на Пчиња. Селото е сместено на падините на планината Козјак. Околни села се: Рамно, Враготурце и Кокино.[3]
Атарот зафаќа површина од 10,4 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 528 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 260 хектари, а на шумите 192 хектари.[2]
Малотино е село од разбиен тип. Постојат осум маала во селото: Дералско (7 к.), Горно (5 к.), Лецинска (4 к.), Џикарска (3 к.), Додинско (3 к.), Долно (10 к.), Деда Анско (2 к.) и Циганско (1 к.). Во најголем дел, во маалата живеат роднински поврзани домаќинства.[3]
Во Малотино се сретнуваат остатоци од различни епохи. Постојат гробишта, кои не биле на денешните жители. Овие гробови од страна на жителите се нарекувани „римски“.[3]
Народната традиција наведува дека на денешното село во турско време било „пустелија“. На целиот атар преовладувала дабова шума. Подоцна дошле денешните родови и почнале да ја сечат шумата, за да направат простор за нивните куќи, ниви и пасишта.[3]
Во текот на основањето, селото имало 6-7 куќи, крај коритото на Бистрица.[3]
Во XIX век, Малотино било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.
Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Малотино имало 440 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Малотино имало 544 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6]
Малотино во 1961 година имало 317 жители, од кои 313 биле Македонци, тројца Срби и еден Албанец, а во 1994 година селото преминало во мала населба со 64 жители, од кои 58 биле Македонци и шест жители Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Малотино имало 37 жители, од кои 33 Македонци и 4 Срби.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, од кои 5 Македонци, 2 Срби и 3 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 440 | 544 | 466 | 339 | 317 | 219 | 92 | 65 | 64 | 37 | 10 |
Во Малотино живеат следниве родови: Деда Анци или Тренчинци (2 к.), едни од основачите на селото, дојдени од Бабуна, Велешко, живеат во посебно маало; Додинци (5 к.), едни од основачите на селото, живеат во посебно маало; Џикарци или Грци (3 к.), едни од основачите на селото, живеат во посебно маало; Лецини (4 к.), едни од основачите на селото, живеат во посебно маало; Беговци (4 к.), Петковски (4 к.) и Станојковски или Дураци (1 к.), сместени во маалото Дералци, првиот и вториот сој не знаат од каде се доселени, додека третиот род е доселен од селото Дурачка Река, Кривопаланечко; Горномаалци (5 к.); Долномаалци (10 к.). Сите родови слават Свети Архангел, освен Додинци, кои слават Свети Никола, и родот Грци кои слават Свети Ѓорѓи.[3]
Православните Роми[13] или Ѓорѓовци имале 1 домаќинство, крај Бистрица од десната страна. Ромите се стари жители на селото,[3] но според последните државни пописи, во селото повеќе нема ниеден жител од ромска националност.[7]
Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Малотино, во која влегувале селата Малотино и М’гленце.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Жегљане, во која покрај селото Малотино се наоѓале и селата Враготурце, Врачевце, Драгоманце, Карловце, Коинце, Кокино, М’гленце, Пелинце, Пузајка и Степанце.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Куманово.
Особено иселување на жителите од селото започнало по Втората светска војна во кумановските села, но и во градот Куманово.[3]
|access-date=
бара |url=
(help)