![]() модел со топкчиња и стапчиња од кристално пакување
| |
![]() молекуларна структура
| |
![]() Тетрахидрат
| |
Назив според МСЧПХ Mанган(II) хлорид Mанган дихлорид | |
Други називи Манган хлорид | |
Назнаки | |
---|---|
7773-01-5 ![]() 20603-88-7 (дихидрат) ![]() 13446-34-9 (тетрахидрат) ![]() | |
ChEMBL | ChEMBL1200693 ![]() |
ChemSpider | 22888 ![]() |
| |
3Д-модел (Jmol) | Слика |
PubChem | 24480 |
RTECS-бр. | OO9625000 |
| |
UNII | 6YB4901Y90 ![]() QQE170PANO (тетрахидрат) ![]() |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Изглед | розева цврста супстанца (тетрахидрат) |
Густина | 2.977 g/cm3 (анхидирд) 2.27 g/cm3 (дихидрат) 2.01 g/cm3 (тетрахидрат) |
Точка на топење | |
Точка на вриење | |
63.4 g/100 ml (0 °C) 73.9 g/100 ml (20 °C) 88.5 g/100 ml (40 °C) 123.8 g/100 ml (100 °C) | |
Растворливост | малку растворлив во пиридин, растворлив во етанол нерастворлив во диетил етер |
+14,350·10−6 cm3/mol | |
Структура | |
Кристална структура | CdCl2 |
oктаедар | |
Опасност | |
NFPA 704 | |
Температура на запалување | Non-flammable |
Смртоносна доза или концентрација: | |
LD50 (средна доза)
|
250-275 mg/kg (стаорец, орално) 1715 mg/kg (глушец, oрално[1] |
Слични супстанци | |
Други анјони | Mанган(II) флуорид Mанган(II) бромид Манган(II) јодид |
Други катјони | Mанган(III) хлорид Teхнициум(IV) хлорид Рениум(III) хлорид Рениум(IV) хлорид Рениум(V) хлорид Рениум(VI) хлорид |
Дополнителни податоци | |
![]() Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
Манган(II) хлорид — дихлоридна сол на манган, MnCl2. Оваа неорганска хемикалија постои во безводна форма, како и во дихидрат (MnCl2·2H2O) и тетрахидрат (MnCl2·4H2O), при што најчеста форма е тетрахидратот. Како и многу видови на Mn(II), овие соли се розови, при што бледилото на бојата е карактеристично за комплексите на преодни метали со висока спинска d5 конфигурација.[2]
Манган хлоридот се произведува со третирање на манган(IV) оксид со концентрирана хлороводородна киселина.
Оваа реакција некогаш се користела за производство на хлор. Со внимателно неутрализирање на добиениот раствор со MnCO3, може селективно да се таложат железни соли, кои се вообичаени нечистотии во манган диоксидот.[3]
Во лабораторија, манган хлоридот може да се подготви со третирање на манган метал или манган(II) карбонат со хлороводородна киселина:
Анхидридниот MnCl2 завзема слоевита структура слична на кадмиум хлорид. Тетрахидратот се состои од октаедарски cis-Mn(H2O)4Cl2 молекули. Познат е и trans изомерот, кој е метастабилен.[4][5] Дихидратот MnCl2(H2O)2 е координативен полимер. Секој Mn центар е координиран со четири двојни премостувачки хлоридни лиганди.[6]
Хидратите се раствораат во вода за да се добијат благо кисели раствори со pH од околу 4. Овие раствори се состојат од метален воден комплекс [Mn(H2O)6]2+.
Слаба Луисова киселина реагира со јони на хлорид за да произведе серија соли кои ги содржат следните јони [MnCl3]−, [MnCl4]2− и [MnCl6]4−.
По третман со типични органски лиганди, манганот(II) се подложува на оксидација со воздух за да се добијат комплекси на Mn(III). Примерите вклучуваат [Mn(EDTA)]−, [Mn(CN)6]3− и [Mn(acetylacetonate)3]. Трифенилфосфинот формира лабилен адукт 2:1:
Анхидридниот манган(II) хлорид служи како почетна точка за синтеза на различни органомангански соединенија. На пример, манганоценот се подготвува со реакција на MnCl2 со раствор на натриум циклопентадиенид во тетрахидрофуран (THF).
Слични реакции се користат и при подготовката на антикокното соединение метилциклопентадиенил манган трикарбонил.[3]
Манган хлоридот е претходник на органоманганските реагенси во органската хемија.[7][8]
Манган хлоридот главно се користи во производството на батерии со суви ќелии.
Солите на манган(II) се парамагнетни. Како такви, присуството на такви соли длабоко влијае на спектрите на NMR.[9]
Скахитот е природна, анхидридна форма на манган(II) хлорид.[10]
Манганизмот, или труењето со манган, може да биде предизвикано од долготрајна изложеност на прашина или испарувања од манган.
|