Маре Кандре

Маре Кандре (27 мај 1962 година во Седерала – 24 март 2005) била шведска писателка со естонско потекло. Таа е родена на 27 мај 1962 година во Седерала, мало место во средината на Шведска и пораснала во Гетеборг и Стокхолм. Помеѓу 1967 и 1969 година, таа живеела со своето семејство во Британска Колумбија, Канада, период кој оставил многу длабок впечаток врз неа и подоцна во животот влијаел на нејзиното пишување. Таа починала на 24 март 2005 година од ненамерно предозирање со лекови на рецепт, на 42-годишна возраст.

Маре Кандре постигнала значително признание во Скандинавија и нејзините дела се преведени на повеќе од осум јазици. Нејзините романи, раскази и прозна поезија често се занимаваат со развојот на децата, особено на девојчињата до зрелоста; женски улоги; и маргинализирани и трауматизирани поединци кои одлучуваат да ги прекинат очекувањата на општеството.

Расказите на Маре Кандре имаат нагласена метафизичка димензија која е засилена со нејзиниот поетски јазик и претставување, со егзистенцијални теми спарени со современи општествени прашања. Во своето пишување таа често се навраќа на прашањата како што се очекувањата на жените, како се развива отуѓеноста и значењето на инстинктите. Неколку нејзини книги биле под влијание на готската фикција .

Пред да биде влезена Маре Кандре на патеката на пишувањето, таа била фронтменка на музичката група Глобал инфантилисти (1981-1983).

  • I ett annat land (Во друга земја): проза (1984)
  • Бебаделсен (Благовештение): прозна поезија (1986)
  • Bübins unge (Бибиновото дете): роман (1987). Преведено на српски 2010 година, со наслов Bimbinino dete
  • Det brinnande trädet (Дрвото што гори): роман (1988)
  • Алиде, Алиид : роман (1991). Преведено на дански, норвешки и германски јазик со истиот наслов
  • Делирија : роман (1992)
  • Quinnan och Dr Dreuf (Жената и д-р Дреф) : роман (1994). Преводи: дански, со наслов: Quinden og doktor Dreuf, француски, со наслов: La femme et le docteur Dreuf руски, со наслов Женщина и доктор Дpeйф и естонски, со наслов Naene ja Dr Dreuf
  • Djävulen och Gud (Ѓаволот и Бог): роман (1994). Словачки превод: Diabol a Boh . Германски превод: http://www.septime-verlag.at/Buecher/buch_der_teufel_und_gott.html
  • Бестиариум : роман (1999)
  • Hetta och vitt (Топлина и бела): раскази (2001)
  • Ксавиер : роман (2002)

Маре Кандре напишала и драма. Од нив Vilse („Изгубени“) е поставена од неколку театри.

Награди и одлики

[уреди | уреди извор]
  • Стипендија, Шведската академија (1984)
  • Стипендија, Фонд на шведски автори (1985)
  • Награда за литература на Афтонбладет (1991)
  • Стогодишнината на Алфред Бониер (1991)
  • Де Ниос Винтерприс (Зимската награда на деветката) (1996)
  • Стипендијата Калебергер, Шведската академија (1999)
  • Награда за литература на Гетеборгс-Постен (2000)
  • Награда, Фонд на Алфред Бониер за шведски писатели (2001)
  • Наградата Доблуг, Шведската академија (2003)
  • Маре Кандре имаше и долгорочна писателска стипендија од Сојузот на шведските писатели

Дополнително читање

[уреди | уреди извор]
  • Mare Kandre at Svenskt kvinnobiografiskt lexikon

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Маре Кандре - официјална веб-страница [1]
  • Steve Sem-Sandberg Mare Kandre hade bråttom att få fram bilden, Under Strecket, SvD 21 април 2005 година [2]
  • Писателска презентација, издавачка куќа Бониерс [3]
  • Mare Kandre död - DN 31 март 2005 година. [4]
  • Författaren Mare Kandre har avlidit - SvD 31 март 2005 година. [5]
  • [6]
  • Писателска презентација на англискиот преведувач Ерик Дикенс [7] Архивирано на 24 ноември 2012 г.

Оваа статија е преземена од sv:Mare Kandre