Мариинско евангелие | |
---|---|
Руска државна библиотека | |
Страна од Мариинското евангелие | |
Година на изработка | Крајот на Х или почетокот на XI век |
Материјал | пергамент |
Големина | 173 листа |
Писмо | Глаголица |
Мариинско евангелие — средновековен македонски книжевен споменик кое потекнува од X или почетокот на XI век напишано на глаголица и пронајдено во скитот „Св. Дева Марија“ на Света Гора.
Настанокот на Мариинското евангелие некои го поврзуваат со територијата на северна Македонија, поради честата замена на со ( и сл.).[1]
Ракописот потекнува од крајот на Х или почетокот на XI век и е напишан на 173 листа од пергамент со димензии 212-215х172-180 мм[2].Без почеток и крај. Има 23 кватерниони, при што од првиот се зачувани само два листа (оние од Виена), додека рускиот дел од ракописот ги содржи следните 22 кватерниона[2]. Целосно се зачувани кватернионите од 2 до 21, од 22от кватернион недостасува 1 лист, а од 23от недостасуваат 4 листа, додека листот 134 од московскиот дел на ракописот е изгубен и на негово место во XIV век е додаден лист напишан на кирилица[2].
Писмото на ракописот е обла глаголица од македонски тип.[2]. Според начинот на пишување на писмото се забележува дека тоа потекнува од познатата Охридска книжевна школа[2]. Повеќето записи се кирилични, но најчесто со типикарска содржина[2].
Правописот на ракописот е со четири носовки и јотувана мала носовка во првична и поствокалска позиција[2]. Буквата Ѕело се употребува на своето етимолошко место[2]. Постои паралелна употреба на лигатурно и диграфно шт при што второто преовладува, особено во вториот дел на ракописот[2]. Присутна е вокализација на еровите од македонски тип (замена на големиот ер со о и на малиот ер со е), како и деназализација (замена на големата носовка со чисти вокали - о и оу)[2]. Регистрирана е архаична лексика, наследена од првобитниот кирилометодиевски превод на евангелскиот текст[2].
Првобитниот текст на ракописот го содржел полниот текст на четирите евангелија[2]. Сега недостасуваат делови од Евангелието според Матеј (1-5,23) и Евангелието според Јован (18,14-29)и 21,17-25)[2]. Виенските листови содржат дел од евангелието според Матеј (5,23-6,16)[2].
Според орнаментиката ракописот содржи знаменца, коцновки-плетенки и иницијали, со флорални елементи[2]. Содржи и минијатури на Марко, Лука и Јован[2].
Ракописот е откриен во 1845 година од Виктор Григорович во скитот „Св. Дева Марија“ на Света Гора[2]. Евангелието го добило своето име - Мариинско евангелие според местото на неговото пронаоѓање[2]. Основниот дел на ракописот се чува во Руската државна библиотека во Москва, во збирката на Григорович под сигнатура Григ.6/Муз. 1689, а 2 листа има во Австриската национална библиотека во Виена под сигнатура Cod.slav.146[2]. Овие листови уште пред 1845 се наоѓале во збирката на Антун Михановиќ, кој подоцна му ги подарил на Франц Миклошич[2]. Овие два листа се последни од првиот кватернион на ракописот[2].
„Мариинско евангелие“ на Ризницата ? |