Марк Тесје-Лавињ

Тесје-Лавињ во 2013

Марк Тесје-Лавињ (англиски: Marc Tessier-Lavigne, р. 18. декември 1959 во Трентон, Онтарио, Канада) е американско-канадски невролог[1] и е 11ти ректор на Стенфордовиот универзитет во Стенфорд, Калифорнија, САД.[2] Претходно, Тесје-Лавињ беше професор на Калифорнискиот универзитет во Сан Франциско и ректор на Рокфелеровиот универзитет во Њујорк, Њујорк, САД. Тој беше извршен потпретседател за истражување и главен научник на Џенентек. Тесје-Лавињ е првиот менаџер од приватниот сектор кој станал ректор на Рокфелеровиот универзитет.[3] Член е на Кралското друштво, канадското Кралско друштво, британската Академија на медицинските науки, американската Национална академија на науките и многу други академски здруженија. Тесје-Лавињ моментално служи на научниот надзорен одбор на фондацијата „Излечи ја Алцхајмеровата“ (англиски: Cure Alzheimer's), невладина организација која поддржува научни трудови за изнаоѓање на лек за алцхајмеровата болест.[4]

  1. „Noted Canadian scientist to take helm of Rockefeller University“. Посетено на 2020-04-11.
  2. Lapin, Lisa (2015-02-04). „Neuroscience pioneer Marc Tessier-Lavigne named Stanford's next president“. news.stanford.edu (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-01-12. Посетено на 2020-04-11.
  3. Pollack, Andrew (2010-09-08). „Genentech Scientist to Lead Rockefeller University“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2020-04-11.
  4. „Drs. Marc Tessier-Lavigne and Robert Malenka Join Scientific Advisory Board“. Cure Alzheimer's Fund. 2013-01-29. Посетено на 2020-04-11.