Марпесија — кралицата на Амазонките со Лампеда, нејзина сестра, како совладетел во старогрчките и римски преданија.[1] Тие владееле со Хипон по смртта на Лисипе.[2]
Марпесија била една од владетелките кои помогнаа да се воспостави грчкиот град Ефес. Таа исто така воспостави град во Кавказ кој се нарекува Камен на Марпесија или Марпесиска Спила. Александар Македонски, подоцна изградил порта таму, која била наречена Касписка Врата.[3] Марпесија и Лампеда го прошириле влијанието на Амазонките во Европа и Мала Азија, станувајќи терор во тој дел од светот.
Марпесија била наследена од нејзините ќерки Оритија и Антиопа[4] (некои извори ја додадаваат и Синопа),[5] откако таа била убиена во битка за време на ненадејната инвазија од страна на азиските варвари.
Во Познати жени од Џовани Бокачо, поглавје е посветено на Лампеда и Марпесија.