Зиберг на Трката околу Британија 2016 | |
Лични податоци | |
---|---|
Цело име | Марсел Зиберг |
Роден | 30 април 1982 Кастроп-Рауксел, Германија |
Висина | 1,98 м |
Маса | 82 кг |
Податоци за клубот | |
Мом. клуб | пензиониран |
Дисциплина | друмски велосипедизам |
Улога | возач |
Вид на возач | спринтер специјалист за класици помошник |
Професионални клубови | |
2005 2006 2007 2008-2010 2011-2018 2019-2021 | Тим Ламонта Тим Визенхоф Тим Милрам Тим Хај Роад Омега Парма-Лото Бахреин-Мерида |
Марсел Зиберг (германски: Marcel Sieberg; р. 30 април 1982) — поранешен германски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2005-2021.
Станал професионалец во 2005 година.[1] Настапил вкупно девет пати на Тур де Франс.[2] Поголемиот дел од кариерата бил еден од водечките помошници при спринт за Андре Грајпел, со кого бил колега во Тим ХТЦ-Колумбија (2008–2010) и потоа во Лото-Судал (2011–2018). Во таа улога му помогнал на Грајпел да дојде до над 100 победи.[2] Меѓутоа, во август 2018 година се појавило дека двоецот ќе се раздвои во сезоната 2019, кога Зиберг потпишал едногодишен договор со Бахреин-Мерида, преземајќи ја улогата за помошник за друг германски спринтер, Фил Баухаус.[1] Му помогнал на Баухаус при етапните победи на Трката околу Саудиска Арабија 2020 и на Трката околу Унгарија 2021. Во јуни 2021 година, неговата екипа објавила дека ќе се повлече на крајот на сезоната.[2]
Голема трка | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | СО | — | — | — | — | — | — | — | — |
Тур | 119 | — | — | — | 139 | 132 | СО | 145 | 150 | 169 | СО | СО |
/ Вуелта | — | — | 122 | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
„Марсел Зиберг“ на Ризницата ? |