Марјан Лазовски (Скопје, 7 септември 1962 - Скопје, 19 декември 2020[1]) — македонски поранешен професионален кошаркар и поранешен тренер на КК Работнички, МЗТ Аеродром, Вардар и АМАК СП. Лазовски служел како помошен тренер на Македонската кошаркарска репрезентација пет години. Во февруари 2012, бил именуван за главен тренер, откако поранешниот Марин Докузовски одлучил да не продолжи со работа.[2][3] Од 5 октомври 2012 година, Лазовски се повлекол од функцијата селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, ставајќи ги здравствените причини и потребите на клупскиот тим, како прв приоритет.[4]