Марјан Србиновски | |
---|---|
Позиција | Крило / Бек (како кошаркар) Тренер |
Висина | 1,97 м |
Тежина | кг |
Роден | 8 декември 1974 Гостивар, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Проф. кариера | 1993–2007 |
Клубови | |
Како играч: | |
1993-1994 | Гостивар |
1994-1996 | МЗТ Аеродром |
1996-1997 | Никол Ферт |
1997-1998 | Жито Вардар |
1998-2000 | Работнички |
2000-2001 | МЗТ Аеродром |
2001-2002 | Куманово |
2002-2004 | Здравље Лесковац |
2004-2005 | Фаворити |
2005-2007 | Тоа Сум Јас |
2007 | Работнички |
Како тренер: | |
2007–2009 | Работнички (помошник тренер) |
2009-2011 | Работнички |
2010-2015 | Македонија (помошник тренер) |
2011-2012 | Торус |
2012-2014 | Кожув |
2014-2015 | Работнички (помошник тренер) |
2015 | Работнички |
2015 | Македонија |
2016-2017 | Куманово |
2017-2021 | Гостивар |
Репрезентација | |
Инфо од: 08.04.2021. |
Марјан Србиновски (роден на 8 декември 1974 во Гостивар) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец, и тековен тренер. Тој моментално е тренер без ангажман.
Марјан Србиновски својата професионална кариера ја започнал во КК Гостивар во 1993 година. Во 1994 година, Србиновски се преселил во МЗТ Аеродром. Со МЗТ, Марјан Србиновски го освоил Купот на Македонија 1996. За сезоната 1996/97, Србиновски се вратил во матичниот клуб Никол Ферт. Следната сезона играл во велешки Жито Вардар. Во сезоната 1998/99 година, тој потпишал за Годел Работнички, со кој за пр впат, Србиновски го освоил домашното Првенство. Следната сезона Србиновски заедно со Работнички биле вицепрваци во Првенството, губејќи токму од Никол Ферт. Сезоната 2000/01, Србиновски се вратил во МЗТ Аеродром, со кој станале вицепрваци во Лигата. Сезоната 2001/02 повторно бил вицепрвак, овојпат со Куманово, повторно губејќи од Работнички. Следната сезоната играл во Здравље од Лесковац. Во сезоната 2004/05 се вратил во Македонија, овој пат во Фаворити. Следната сезона играл во кошаркарскиот клуб Тоа Сум Јас. Во сезоната 2006/07, Србиновски на полусезоната преминал во редовите на Фершпед Работнички, со кој повторно станал вицепрвак, губејќи од Струмица 2005.
Во својата прва тренерска сезона, Марјан Србиновски бил помошник тренер во Работнички. Следната сезона 2008/09, Србиновски повторно како помошник, го освоил домашното првенство.
Сезоната 2009/10 ја започнал како помошник, но поради напуштањето на главниот тренер Докузовски, Србиновски ја зазел неговата позиција. Но во јануари 2010 година, на полусезона, Србиновски и Работнички ја прекинале соработката, откако Работнички пронашол нов главен тренер, и Марјан престанал да е тренер на екипата.[1] Во сезоната 2010/11, Србиновски бил главен тренер на Работнички,[2] сè до март 2011 година, кога бил заменет на таа позиција.[3][4] Сезоната 2011/12 ја започнал во Работнички каде бил главен тренер сè до ноември и бил заменет.[5][6] Потоа, истата сезона, станал главен тренер на Торус. Откако во летото 2012 година, Торус се распаднал, Србиновски станал слободен тренер.
Во септември 2012 година, во пресрет на сезоната 2012/13, тој потпишал за Кожув. Подоцна таа сезона, Србиновски со неговата екипа станале вицепрваци во Првенството.[7][8][9] Во сезоната 2013/14, Марјан Србиновски бил тренер сè до февруари, бидејќи била прекината соработката со Кожув.[10]
Во сезоната 2014/15, станал помошник тренер во Работнички. Во ноември 2014 година, главниот тренер Марин Докузовски (на шест месеци) и Марјан Србиновски (на три месеци) биле суспендирани.[11][12][13][14] По истекувањето на суспензијата на Србиновски, тој се вратил како главен тренер и како таков го освоил Купот на Македонија,[15] сè до истекот на суспензијата на Докузовски, кога се вратил на првичната функција главен тренер, а Србиновски се вратил на позицијата помошник.[16]
Во февруари 2016 година, за време на сезоната 2015/16, Србиновски станал тренер на Куманово.[17][18][19] Истата таа сезона, Србиновски станал вицепрвак во Првенството. Следната сезона, Марјан останал на тренерската фунција во Куманово 2009.[20]
Во сезоната 2017/18, Србиновски потпишал за новиот прволигаш Гостивар.[21][22] За сезоната 2018/19, Србиновски продолжил како главен тренер на Гостивар.[23][24] Во јули 2019 година, тој потпишал нов едносезонски договор со гостиварскиот клуб за сезоната 2019/20.[25][26] За сезоната 2020/21, во почетокот на јуни 2020 година, тој потпишал нов договор со кој ја продолжил соработката со Гостивар.[27][28] Поради лошите резултати, во почетокот на април 2021 година, Гостивар и Србиновски ја прекинале соработката.[29]
Играчки титули[уреди | уреди извор][уреди | уреди извор] |
Признанија[уреди | уреди извор] |
|access-date=
бара |url=
(help) година XVIII, број 5623, стр. 25.