![]() Бјалоблоцки на Трката околу Британија 2013 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Марќин Бјалоблоцки | ||
Роден | 2 јули 1983 Соколка, ![]() | ||
Висина | 1,97 м | ||
Маса | 79 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Стил Дејвис Вија Рома РТ | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за хронометри | ||
Аматерски клубови | |||
2008–2009 2010 2018- | Спорт Бинс-Вилиер Вилиер / Bigmaggys.com / Прендас Сиклисмо Стил Дејвис Вија Рома РТ | ||
Професионални клубови | |||
2011–2012 2013 2014 2015-2016 2017 | Моторпоинт Про-Сајклинг Тим Тим УК Јут Велошур-Џордана ОНЕ Про Сајклинг ЦЦЦ-Спранди-Полковице | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 8 декември 2018 |
Марќин Бјалоблоцки (полски: Marcin Białobłocki; р. 2 јули 1983) — полски аматерски друмски велосипедист, кој моментално вози за британската аматерска екипа Стил Дејвис Вија Рома РТ.[1] Во периодот 2011-2017 настапувал професионално, главно за британски екипи.
Се приклучил на екипата Велошур за сезоната 2014,[2] откако неговата претходна екипа – Тим УК Јут – се распаднала на крајот на сезоната 2013.[3][4] Во декември 2014 година бил најавен како дел од воведниот состав на екипата ОНЕ Про Сајклинг за сезоната 2015.[5] Учествувал на Трката околу Полска како член на националната екипа на Полска,[6] каде го освоил завршниот хронометар на трката.[7]
Марќин станал познат на британските хронометарски настани, возејќи за ОНЕ Про Сајклинг, кога го срушил рекордот од 10 милји на Алекс Даусет, со време од 16:36.
Потоа го срушил рекордот на Даусет на 25 милји со време од 44:04. Ова време го подобрил во 2018 година кога Марќин извозел 42:58.
Во 2018 година, Марќин го презел рекордот на 50 милји со време од 1:30:31, три минути побрзо од претходниот рекорд поставен само неколку недели претходно.
Се приклучил на полската екипа ЦЦЦ-Спранди-Полковице во 2017 година,[8] откако претходно две сезони возел за британската екипа ОНЕ Про Сајклинг.[9]
Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017.[10]
![]() |
„Марќин Бјалоблоцки“ на Ризницата ? |