Момчило " Мајк " Стојановиќ (27 јануари 1947 година – 18 ноември 2010 година) бил професионален фудбалер кој настапувал на позицијата како напаѓач. Најмногу натпревари имал одиграно во НАСЛ лигата (Северноамериканска фудбалска лига), но и за Канадската репрезентација.
Мајк Стојановиќ, со прекар Столе на српски и Столи на англиски, е роден во Лапово (СР Србија, СФР Југославија), од родителите таткото Витомир и мајката Ружа.
Фудбалската кариерата на Стојановиќ во неговата татковина Југославија, била во екипите на Раднички од Крагуевац и Вардар од Скопје кои во тоа време биле дел од југословенската прва лига. Клубот на Раднички од Крагујевац денес се натпреварува во најсилната лига на Србија додека екипата на Вардар од Скопје моментално е член на втората Македонска лига.
Пред да се пресели во Северна Америка, Стојановиќ требало да се приклучи на клубот Ница, но имал некои компликации со неговата документација по потпишувањето на договорот. Напаѓачот, Стојановиќ во екипата на Рочестер Ленсерс (1976–1980), постигнал 17 голови и освоил вкупно 41 бод. Тој резултат го сместил Стојановиќ на четвртото место за водечки стрелци на НАСЛ лигата. Резултатот бил со поголема тежина и поради фактот што тоа му била прва сезона во таа лига. Стојановиќ, наредната сезона го заземал петтото место за најдобар стрелец со вкупно 14 постигнати голови и 33 освоени бодови. Неговата најпродуктивна сезона била во 1981 година, кога завршил на третото место со вкупно 23 постигнати голови и вкупно 52 освоено бодови. Таа сезона настапувал во екипата на Сан Диего Сокерс (1981–1982). Истата сезона бил прогласен за најдобар играч на годината во НАСЛ лигата и воедно и во Северна Америка.[1] Стојановиќ настапувал и за екипата на Сан Хосе Ертквејкс (1982). Тоа била неговата последна сезона во НАСЛ. Стојановиќ го заземал 9-то место на листата на најдобри стрелци на сите времиња во НАСЛ со вкупно 83 постигнати голови, на 179 натпревари и 10-ти на вечната листа со вкупно 211 освоено бодови. Интересен е фактот дека тој се наоѓал повисоко на таа ранг листа од легендарните играчи на фудбалската игра како што се: Џорџ Бест, Пеле и Франц Бекенбауер. Тој бил втор Ол-стар играч на НАСЛ во 1977 година и почесен Ол-стар во 1981 година. Во 1977 година, Стојановиќ бил именуван во тимот на Деценијата на екипата на Рочестер Ленсерс.[2]
Стојановиќ настапувал и за еден клуб со седиште во градот Торонто, а тоа бил составот на српскиот тим ФК Бели Орли. Таму настапувал од 1973 до 1975 година.[3][4] Екипата на Српските бели орли настапувале во Националната фудбалска лига додека Стојановиќ бил во нивните редови. Се работело поконкретно за Канадската фудбалска лига. Стојановиќ во тој клуб постигнал вкупно 96 голови за само две одиграни сезони. Во сезоната во1974, тој постигнал вкупно дури 52 голови, и до ден денес тоа претставува рекорд на клубот, но и на Националната фудбалска лига. Во 1983 година, тој настапувал за екипата на Хамилтон Стилерс во канадската професионална фудбалска лига.[5][6] Во 1992 година, Стојановиќ, на 45-годишна возраст, играл за екипата на ФК Јунајтед Срби со седиште во градот Ошава.[7]
Момчило Мајк Стојановиќ имал 33 години кога го одиграл својот прв натпревар за сениорскиот тим на Канада. Тоа било на 15 септември 1980 година во градот Ванкувер (победа со 4:0 над репрезентацијта на Нов Зеланд). На тој натпревар успеал да постигне и еден гол. Тој играл на сите натпревари на репрезентацијата на Канада во 1980 и 1981 година. Вкупно на тие 15 натпревари, тој постигнал пет голови. Неговиот последен натпревар бил на 21 ноември 1981 година на нерешениот дуел со резултат од 2:2, против селекцијата на Куба во квалификациите за Светското првенство 1982 година. Тој натпревар се одиграл во Тегусигалпа.[8]
# | Дата | Место на одржување | Противник | Резултат 1 | Резултат 2 | Тип на натпревар |
---|---|---|---|---|---|---|
1. | 15 септември 1980 година | Стадион на Империја, Ванкувер, Канада | ![]() |
4:0 | 4:0 | Пријателски натпревар |
2. | 18 октомври 1980 година | Изложбен стадион, Торонто, Канада | ![]() |
1:0 | 1:1 | Квалификации за Светското првенство во ФИФА 1982 година |
3. | 12 октомври 1981 година | Скинер Парк, Сан Фернандо, Тринидад и Тобаго | ![]() |
3:0 | 4:2 | Пријателски натпревар |
4. | 2 ноември 1981 година | Естадио Тибурсио Кариас Андино, Тегусигалпа, Хондурас | ![]() |
1:0 | 1:0 | Квалификации за Светското првенство во ФИФА 1982 година |
5. | 6 ноември 1981 година | Естадио Тибурсио Кариас Андино, Тегусигалпа, Хондурас | ![]() |
1:1 | 1:1 | Квалификации за Светското првенство во ФИФА 1982 година |
Стојановиќ бил примен на 6 јуни 2009 година во Куќата на славните на Канадската фудбалска асоцијација.[9] На 7 август 2009 година на церемонија пред натпреварот, екипата на Српските бели орли го повлекле дресот со бројот 9 кој го носел Стојановиќ додека настапувал за клубот од 1974 до 1975 година.[10] Тоа бил единствениот број на дрес кој клубот го има повлечено.[11]
На 18 ноември 2010 година, на 63-годишна возраст, Стојановиќ починал во Торонто по тешка битка со болеста, рак на желудникот. Тој бил погребан во српскиот православен манастир Свето Преображение во градот Милтон.[12][13]