Медуза — слика на фламанскиот сликар Петер Паул Рубенс од околу 1618 година, која ја прикажува пресечената глава на митолошкиот лик Медуза. Притоа, насликаните змии се сметаат за дело на Франс Снајдерс (Frans Snyders). Сликата се наоѓа во Музејот на историјата на уметноста (Kunsthistorisches Museum) во Виена, а постои уште една верзија која се наоѓа во Моравската галерија во Брно.[1][2]