Межа | |
---|---|
Межа во близина на Равне на Корошкем | |
![]() | |
Местоположба | |
Countries | Австрија и Словенија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Караванки во близина на Ајсенкапел |
• координати | 46°28′9″N 14°41′13″E / 46.46917°N 14.68694°E |
• надм. вис. | 1,358 м (4,455 ст) |
Устие | |
• место | Драва во близина на Дравоград |
• координати | 46°35′11″N 15°1′20″E / 46.58639°N 15.02222°E |
Должина | 43 kм (27 ми) [1] |
Големина на сливот | 551.7 km2 (213.0 ми) [2] |
Особености на сливот | |
Течение | Предлошка:Драва |
Межа ( словенечки: Meža) е река во Словенија, во словенечкиот дел на Корушка. Межа е притока на реката Драва.
Реката Мeжа е долга 43 километри. Реката извира во планините Караванки, во близина на словенечко - австриската граница. Во првата половина од својот тек, таа е брза, планинска река која тече во правецот југозапад-североисток.
Под западниот дел на Похорје, тече во правецот југоисток-северозапад низ долината и градовите Мислиња и Словењ Градец. Мислиња се влева во реката Межа, во близина на Дравоград, на само неколку километри од сливот на Межа и Драва. Во втората половина од својот тек свртува во правец запад-исток. Во овој дел од течението гради поширока долина и е побавна. Таму поминува и низ најголемата населба на своето течение, градот Равне на Корошкем. Во близина на устието на Межа, ја прима својата најголема притока, реката Мислиња, а километар понатаму се влева во реката Драва кај Дравоград.
Во текот на 80-тите години на 20 век, реката Межа станала позната како најзагадената река во Словенија. Денес состојбата на реката е многу подобра.